voip-inzener-vrabotuvame-kabtel
news&blog

Вработуваме VoIP инженер

Инженер за Телекомуникациски решенија

(VoIP Engineer)

 

КАБТЕЛ Мисија: Дизајн, имплементација и одржување на целосни информациско-комуникациски системи базирани на најновите ИКТ-технологии за поддршка, раст и успех на нашите клиенти и партнери од сите сектори и индустрии. Нашиот тим е нашето највредно богатство и главната причина за нашиот успех. Успесите на компанијата се потпираат не само на нашите технологии, методологии и инфраструктура, туку и на придонесот и посветеноста на вработените.

Сите знаеме дека луѓето ја прават разликата!

КАБТЕЛ ДООЕЛ како долгогодишен партнер на Alcatel-Lucent има потреба од Инженер за Телекомуникациски решенија, кој ќе му се придружи на нашиот тим во Одделот за Професионални Сервиси.

 Главни одговорности и задолженија :

  • Дизајн и имплементација на Телекомуникациски системи од продуктното портфолио на компанијата;
  • Исполнување на работните активности во зададениот рок делегирани од страна на претпоставениот (самостојно или тимски), согласно со политиките на системот за управување со квалитет;
  • Овозможување далечинска и локална техничка поддршка на постоечки и нови клиенти;
  • Изработка на техничка документација за реализирани проекти;
  • Изработка на извештаи за реализирани задачи;
  • Периодично сертифицирање за продуктите од продуктното портфолио на компанијата;
  • Посета на семинари, обуки, презентации и работилници со цел континуирана надградба во дадената област;
  Дали сте Вие идеалниот кандидат и поседувате …

 Средно образование-техничка струка, предност високо образование (инженер/ИКТ технологии);

  • Искуство во работа со телефонски системи (TDM и IP);
  • Способност за администрирање на телекомуникациски системи во реално корисничко опкружување;
  • Спремност и желба за континуирана надоградба во областа на најнови телекомуникациски технологии;
  • Способност за независно работење, ефикасно решавање на проблеми во зададени временски рокови;
  • Познавање на говорен и пишан англиски јазик;
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
  • Возачка дозвола –Б категорија;
 Ние нудиме…
  • Месечна нето плата, во рамка од 45.000-60.000, денари, согласно поседувани компетенции;
  • Бонусен систем на награди;
  • Пријатна работна компаниска култура;
  • Програми и обуки за развој на кариера;
  • Програма за благосостојба (како што се: спортски и настани/спортски активности);
  • Договор на неопределено работно време со неколку месеци пробен период;

 

 Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија на следнава e-mail адреса:  vrabotuvanje@kabtel.com.mk,   краен рок за аплицирање 30.12.2022 година