Водич за сајбер безбедност во малопродажбата
Ѕophos обезбедува непрекината заштита од широк спектар на сајбер напади во малопродажниот сектор во целиот свет.
Малопродажните организации постојано наидуваат на различни сајбер напади како што се фишинг, кражба на ингеренции, уценувачки софтвер и напади на синџирот за набавка. Многу од тие напади имаат за цел откривање на лични и финансиски информации. Освен тоа, нападите на POS терминалите стануваат се попопуларни. Ако напаѓачите добијат пристап до побитни системи како што се системите за наплата, тоа може да предизвика прекин во работата.
Благодарение на сѐ поголемата дигитализација и IoT интеграцијата, потенцијалните точки ранливи на напади се сѐ побројни. Како резултат на тоа, продолжуваат да се зголемуваат волуменот и сложеноста на сајбер предизвиците за малопродажните бизниси.
Всушност, 77% од малопродажните компании во 2021 година биле нападнати од злонамерен софтвер, што е скок од 75% во споредба со 2020 година. Над половина од нив пријавиле зголемен волумен, сложеност и поголеми штети од сајбер нападите врз нивните организации во текот на минатата година. Прочитајте го целосниот извештај тука.
Еволуција на заканите по малопродажниот сектор
Се поголемиот професионализам на криминалните групи и нивните понапредни тактики, техники и процедури се најголеми двигатели на сложеноста на заканите по малопродажниот сектор. Неколку други фактори исто така претставуваат дополнителни предизвици по секторот:
- Фишинг нападите, кои ги измамуваат корисниците и вработените да овозможат на напаѓачите лесен пристап до системите и податоците за плаќање
- Напади на незаштитени POS системи кои ги хакираат податоците од направени трансакции и им даваат неавторизиран пристап до вредни информации како што се пинови на кредитни картички
- Малопродажните организации користат широка мрежа на набавувачи од трети страни за да ги одржуваат бизнисите во живот што исто така ја зголемува комплексноста
- Малопродажните организации имаат потреба од повеќе уреди, платформи и кориснички веб страници и апликации, за да обезбедат позитивно корисничко искуство и оперативна ефикасност на сите локации
- Business email compromise измамите (BEC) стануваат сѐ почести во малопродажниот сектор, каде што раководните лица се измамени да откријат чувствителни информации за компаниите
- Малопродажните организации мора да ги почитуваат регулативите и стандардите од типот на PCI DSS, GDPR, HIPAA и SOC2, затоа што располагаат со големи количини приватни и чувствителни информации
- Сајбер криминалците го таргетираат облакот затоа што сакаат да ги злоупотребат помалку имплементираните сајбер безбедносни практики, во однос на кибер безбедносните решенија имплементирани во локалните продавниците.
Sophos може да помогне
Симнете го нашиот Водич за сајбер безбедност во малопродажниот сектор и научете како Sophos може да ви помогне да се справите со најчестите предизвици во сајбер безбедноста во малопродажниот сектор.
Sophos MDR е целосно менаџирана 24-часовна услуга која ја обезбедуваат експерти кои се специјализирани за детекција и реакција на софистицирани сајбер напади кои технолошките решенија не можат самостојно да ги превенираат. Како најдобриот MDR провајдер во светот, кој има стотици клиенти од производниот сектор, имаме посебно широка и сеопфатна експертиза кога станува збор за заканите со кои се соочува малопродажниот сектор. Sophos MDR применува она што се научило од една малопродажна организација на сите други во секторот и на тој начин генерира еден заеднички имунитет и ја засилува одбраната на сите.
„Благодарение на Sophos MDR можеме да работиме на подобрување на други области од организацијата како што е менаџирање со ранливите точки, нивно поправање и подигање на свеста за безбедноста“ – изјавија од The Fresh Market.
Sophos ZTNA ги елиминира ранливите VPN клиенти, овозможува да понудите безбедено и лесно пазарење за онлајн корисниците. Ја брише имплицитната доверба во апликациите, корисниците и уредите така што овозможува сегментиран пристап само до потребните системи и ресурси.
Sophos Secure Access Portfolio им овозможува на малопродажните бизниси да се конектираат со одделни далечни локации или филијали, им обезбедува суштински апликации во облак и SaaS апликации и споделува податоци и информации помеѓу различни локации.
Вклучува:
- Sophos ZTNA за поддршка на безбеден пристап до апликации
- Sophos SD-RED далечни Ethernet уреди за безбедно продолжување на мрежата до филијали
- Sophos Wireless пристапни точки за лесно и безбедно безжично вмрежување
- Sophos Switch за безбеден пристап до LAN
- Сѐ се менаџира преку една платформа во облак, Sophos Central
За да дознаете повеќе и да разговарате за тоа како Sophos може да ви помогне, побарајте го најсоодветното решение за вашиот бизнис од сертифицираните специјалисти за безбедност на КАБТЕЛ, платинум Партнер за МАкедонија .