sostojba-so-ransomver-finansiski-sektor-kabtel-sophos
Cyber security Solutions ИТ Решенија Кибер безбедност

Кибер напади на финансиските компании во 2022

Кибер напади на финансиските компании во 2022

Постојано расте предизвикот со злонамерниот софтвер во секторот финансиски услуги. Минатата година зачестија таквите напади, а сајбер криминалците во половина од тие напади успеаја да енкриптираат податоци.

Скоро е објавен извештајот „Состојбата со злонамерниот софтвер кај финансиските услуги за 2022 година“ („The State of Ransomware in Financial Services 2022“), кој дава свеж поглед на нападите со злонамерен софтвер, цената на тие напади, закрепнувањето и исплатата на откуп на криминалците и како сето тоа влијаело на организациите кои нудат финансиски услуги во текот на минатата година.

Изештајот се базира на годишното истражување на вистински искуства на ИТ професионалците со злонамерен софтвер, од кои 444 се од секторот финансиски услуги и работат во компании со средна големина (100-5.000 вработени) во 31 земја.

Истражувањето откри дека расте ризикот и опасноста од такви напади, а расте и финансискиот и оперативниот товар кој нападите го оставаат врз организациите кои даваат финансиски услуги.

Еве ги клучните точки од извештајот  за кибер нападите на финансиските компании :
  • Пораст на нападите со злонамерен софтвер врз финансиските услуги – 55% од организациите биле нападнати во 2021 година, што е скок од 21% во 2020 година;
  • Покачената стапка на напади е дел од еден глобален тренд. Иако во 2021 година има повисока стапка на напади, финансиските услуги пријавиле најмалку напади од сите сектори;
  • Финансиските услуги пријавиле втора најниска стапка на некриптирање на податоци од 54%. Глобалниот просек бил 65%;
  • 52% од организациите за финансиски услуги платиле откуп за враќање на податоците, што е повеќе од глобалниот просек од 46%;
  • Количината на податоци кои биле вратени на организациите за финансиски услуги е констатно 63% во 2020 и 2021 година. Глобалниот просек е 61%. Сепак, процентот на организации за финансиски услуги кои ги вратиле сите енкриптирани податоци се зголемил од 4% во 2020 на 10% во 2021 година. За споредба, глобалниот просек во 2021 година бил 4%;
  • Стапката на исплатен откуп во финансискиот сектор се зголемила повеќе од дупло – од 25% во 2020 година на 52% во 2021 година. Глобалниот просек во 2021 година бил 46%;
  • Просечната цена за враќање на податоците во финансискиот сектор била 1,59 милиони долари, што е повеќе од глобалниот просек од 1,4 милиони долари;
  • 83% од организациите за финансиски услуги пријавиле дека имаат сајбер осигурување за злонамерен софтвер, што е отприлика колку глобалниот просек;
  • Сајбер осигурувањето ја подобрува одбраната од сајбер напади во финансискиот сектор – 98% од организациите за финансиски услуги ја надградиле својата сајбер одбрана;
  • Финансиските услуги имаат една од најниските стапки на исплата на откуп од осигурителите – 32% наспрема 40% во другите сектори;
  • Покачената стапка на напади со злонамерен софтвер врз финансиските услуги е показател дека напаѓачите станале многу поспособни за извршување на нападите со таков софтвер;

Станува сѐ потешко за организациите, особено во секторот финансиски услуги, да обезбедат покритие на сите трошоци поврзани со еден напад. Тоа ги принудува да прават континиурано унапредување на својата сајбер одбрана.

Прочитајте го целосниот извештај: The State of Ransomware in Financial Services 2022