Центарот за внатрешни болести „Срце“ е приватна здравствена установа основана во 2003 година. Центарот врши специјалистичка дијагностика која се базира на детални прегледи, особено ако специјалистите утврдат широка причина за вашите проблеми. Пациентите во „Срце“ го изнаоѓаат решението на својот комлициран здравствен проблем, кој претходно не успевале да го решат на друго место.
Центарот е специјализиран за дијагностика и третман на кардиоваскуларни болести, ревматолошки консултации, уролошки третмани, периферни васкуларни болести, ендокринолошки консултации, третмани за нарушувања на тироидната жлезда и гастроентерологија.
Клиент:
Центар за внатрешни болести СРЦЕДејност:
Здравствена организацијаweb page:
srce.com.mkПродукти и решенија:
Интегрирано ИКТ решение за здравствени институцииПредизвици
Денес, технологијата го менува пејзажот на светот и нè води кон софистициран технички свет. Појавувањето и улогата на ИКТ создаде огромно влијание врз здравството – го подобрува квалитетот на грижата, ја зголемува безбедноста на пациентот и заштитата на податоците, ги намалува оперативните и административните трошоци. Во оваа дигитална ера, луѓето можат лесно да бараат, пристапуваат, учат и комуницираат со другите во брз временски период. Здравствената едукација создава свесност за заразните болести, здравствената состојба, превентивни мерки и разни тековни, но и инвентивни дијагностички и терапевтски процедури и здравствени институции кои ги имаат имплементирано на најновите технолошки решенија, за што е потребна и најсовремена ИКТ инфраструктура.
Продукти и решенија
Во здравствената организација Срце, Кабтел имплементираше интегриранo ИКТ решение, на принципот „клуч на рака“, коe вклучува:
- Систем смарт HIQ канцеларија (автоматска контрола и управување со осветлување и климатизација),
- Високонапонски електрични инсталации,
- Дизајн и инсталација на LAN инфрастуктура,
- Инсталација и конфигурација на WiFi мрежа,
- Инсталација и конфигурација на PBX телефонска централа,
- Безжичен менаџмент систем,
- Инсталација и конфигурација на сториџ,
- Инсталација и конфигурација на сервер,
- Дизајн и имплементација на заштитен ѕид Firewall,
- Дизајн и инсталирање на систем за видео надзор,
- Дизајн и имплементација на панично осветлување,
- Инсталација на противпожарен систем,
- Систем за контрола на пристап
Зошто КАБТЕЛ?
Во последните неколку години, има експоненцијално зголемување на капацитетите и можностите на новите технологии, кои го овозможуваата многу понапреден модел на здравствена заштита. Кабтел ги следи трендовите, и во соработка со нашите партнери за различните продуктни решенија, ние имплементираме технологии кои можат да помогнат да се постигнат потребните промени. Со имплементацијата на интегрирано решение од КАБТЕЛ за широк спектар на организации за здравствена заштита, се обезбедува персонализирана грижа за пациентите на највисоко ниво, при минимизираниа трошоци за здравствена заштита. Кабтел им помага на раководствата на здравствените институции успешно да ги водат организациите и да ги надминат секојдневните предизвици во процесот на дигитализација, им помага на здравствените институции да ја подобрат безбедноста и задоволството на пациентите и да го подигнат нивото на здравствената заштита со имплементирање на најновите технологии.
Придобивки
- Поголема грижа за пациентите
- Подобрено јавно здравје
- Олеснети работни процеси
- Пониски трошоци за здравствена заштита
- Подобро и побезбедно складирање на податоци
- Подобрен пристап до податоци
- Централизирани податоци
- Подобрување на квалитетот на животот
- Намалување на здравствениот отпад
- Подобрување на ефикасноста и квалитетот на грижата
- Подобрена ефикасност, што доведува до заштеди
- Можност за имплементирање на нови технологии и современи здравствени модели …