Кабтел-Македонски-Квалитет-2025-Сојуз-на-стопански-компри-претседател-на-Македонија.png
Automation BMS&automation Cyber security News & Events news&blog Success Stories Автоматизација Бекап Вработување Достигнувања и награди ИТ Решенија Кибер безбедност Награди/Awards

КАБТЕЛ – добитник  на наградата „Македонски квалитет“

КАБТЕЛ – добитник  на наградата „Македонски квалитет“ за врвен квалитет, иновативен пристап и континуиран развој

Компанијата КАБТЕЛ е добитник на престижната национална награда „Македонски квалитет“, која се доделува за врвен квалитет, иновативен пристап и континуиран развој во областа на информатичко-комуникациските технологии, на иницијатива на Сојозот на Стопански Комори на Македонија.

Наградата е свечено врачена на Горан Митрески, Главен извршен директор на КАБТЕЛ, на настан под поковителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова  што претставува дополнителна потврда за значењето и општествената вредност на ова признание.

Во речиси две и пол децениското искуство, КАБТЕЛ континуирано инвестира во развој и имплементација на напредни технолошки решенија, вклучувајќи мрежна инфраструктура, сајбер безбедност, автоматизација на процеси, cloud технологии и интегрирани ИКТ системи.

Признанието „Македонски квалитет“ ја потврдува визијата на КАБТЕЛ за создавање паметни, ефикасни и одржливи решенија, прилагодени на потребите на компаниите и институциите во процесот на дигитална трансформација.

Кабтел-Македонски-Квалитет-2025-Сојуз-на-стопански-компри-претседател-на-Македонија-3.jpg

„Оваа награда претставува силна мотивација за нашиот тим да продолжи со развој на ИКТ решенија кои носат реална вредност за клиентите и придонесуваат за унапредување на технолошката конкурентност на домашниот пазар,“ изјави директорот на КАБТЕЛ, г-динот Митрески.

Со ова признание, КАБТЕЛ дополнително ја зацврстува својата позиција како доверлив технолошки партнер, активен двигател на дигитализацијата и иновациите во македонската ИКТ-индустрија  и економија во целост.