Thales-Kabtel-kiber-bezbednost-nastan-cybersecurity-event
Cyber security News & Events Solutions ИТ Решенија Кибер безбедност

Кибер безбедносен настан на Thales&Кабтел

Презентација на кибер безбедносни решенија на национално ниво на кибер безбедноснен настан на Thales & Кабтел

Презентацијата на најсовремените решенија за сајбер безбедност на критичната инфраструктура, во организација на КАБТЕЛ, кој се одржи на 20 Октомври во хотелот Холидеј Ин, е еден од серијата настани од ваков вид, единствениот оваа година на национално ниво.

Владите, институциите и големите глобални компании се потпираат на THALES за дизајнирање и испорака на решенија кои ги штитат државите, градовите и критичните инфраструктури во сè понепредвидливиот свет, од најновите и најсофистицирани кибер закани.

Од помагањето на владите и критичните инфраструктури да станат безбедни и паметни, до обезбедувањето на глобалните финансиски пазари, заштитата на податоците и приватноста, како и одржувањето на безбедносните сили поврзани додека се на критични мисии, THALES гарантира дека секој може да продолжи да споделува информации, да ги користи придобивките од поврзаниот свет и ужива во подобрен квалитет на живот, додека останува безбеден и чекор понапред од сите форми на дигитална закана.

Thales заштитува над 80% од сите онлајн трансакции во светот и ги обезбедува информациските системи на 19 од 20-те најголеми банки во светот. Исто така, креира кибер безбедносни решенија за 9 од 10-те најголеми интернет гиганти и ги следиме информациските системи на повеќе од 100 клиенти.

THALES гарантира дека секој може да продолжи да споделува информации, да ги користи придобивките од поврзаниот свет и да ужива во подобрен квалитет на живот, додека останува безбеден и чекор понапред од сите форми на дигитална закана.

Дали вашиот бизнис се судира со кибер безбедносните предизвици? Контактирајте нѐ и видете како THALES и КАБТЕЛ, Key Industry Partner на Thales, можат да го зајакнат вашиот бизнис.