trendovi-kiber-bezbednost-kabtel-mcafee-antivirus-total-protection-zastita
Cyber security news&blog WiFi ИТ Решенија Кибер безбедност

Корисниците даваат приоритет на онлајн заштитата

Модерни трендови: Корисниците даваат приоритет на онлајн заштитата

Луѓето чувствуваат дека се поизложени на онлајн закани и сакаат помоќна заштита, став кој јасно го искажаа во најновото истражување Trends Study 2022, кое со бројки го прикажува таквото расположение и заклучокот е дека луѓето веруваат оти изминатата година се зголемиле ризиците по нивната онлајн приватност. Имено, дури 42% од нив веруваат дека се зголемиле и ризиците за нивните лични и финансиски информации.

Овие бројки се резултат на тоа што сe повеќе луѓе вршат сe повеќе дневни активности онлајн, било да е тоа работа од дома, интернет банкарство, инвестиции во виртуелни средства, особено поради пролиферацијата на онлајн активностите поради пандемијата на КОВИД-19. Многу чувствителни лични податоци се складираат онлајн, се споделуваат на интернет, а и се злоупотребуваат за doxing, со тоа се зголемува притисокот за поставување посилни лозинки и преземање други безбедносни мерки.

Бидејќи сe повеќе чувствителни лични информации се складираат и се споделуваат на интернет, луѓето генерално почнуваат да бараат и поголема заштита на истите. На пример, на прашањето ако треба да изберат или подобра конекција со целиот свет или да имаат секогаш целосна заштита, 63% избрале целосна заштита, наспрема 16% кои избрале подобра конекција. Истиот став важи и за работното место, каде што само 14% избрале да имаат состаноци кои се одвиваат без пречки наспрема 62% кои избрале безбедни состаноци.

Ако се прашувате кои чекори можете да ги преземете за да бидете побезбедни онлајн, во продолжение прочитајте за неколку алатки и неколку добри навики кои можат многу да помогнат за да си ја заштитите приватноста и идентитетот онлајн.
  1. Инсталирајте и користете софтвер за онлајн заштита: со заштитата на вашите уреди заштитувате с што имате на нив, како што се вашите лични информации. Сеопфатниот софтвер за онлајн заштита може да го заштити вашиот идентитет на неколку начини, како што е предупредување за малициозни линкови и страници, заштита на вашите имејлови од фишинг напади и обезбедување на дигитална програма која трајно отстранува чувствителни документи од вашиот компјутер, затоа што не е безбедно само вие да ги избришете.
  2. Користете VPN: VPN е виртуелна приватна мрежа, услуга која ги штити вашите податоци и вашата приватност онлајн. Создава енкриптиран тунел за да ви ја штити анонимноста и ја маскира вашата IP адреса кога се конектирате на јавни Wi-Fi хот спотови. Ова е одличен начин да ги заштитите информациите од измамници и љубопитни луѓе додека вршите банкарски трансакции, пазарувате или работите со какви било чувствителни информации онлајн.
  3. Подобрете ги лозинките и користете повеќефакторска идентификација (MFA): силните, уникатни лозинки за секоја од вашите сметки и профили, кои редовно се менуваат, се силна линија на одбрана од напаѓачите. Можеби мислите дека за тоа ќе треба повеќе напор, но и за тоа постојат ршенија, како менаџер на лозинки, кој може сето тоа да го направи наместо вас и да генерира и да меморира силни, уникатни лозинки. Сеопфатните софтвери за онлајн заштита вклучуваат менаџер за лозинки како една од многуте опции. Освен тоа, MFA додава уште еден слој на заштита, така што го проверува вашиот идентитет, не само преку корисничкото име и лозинката, туку и со испраќање текстуална порака на телефон или имејл. Ако на некоја од вашите сметки или профили има опција за MFA, искористете ја.
  4. Следете ги вашите сметки: секогаш кога треба да се согласите на нешто онлајн, добро погледнете што е тоа. Иако многу компании и институции имаат механизми за детекција на измами, не секогаш тие можат да ја забележат секоја измама. Внимавајте да не се појават некои чудни суми и консултирајте се со компанијата која управува со вашaта банкарска сметка или кредит ако се сомневате во измама. Дури и најмалата наплатена сума која не ви е позната, може да биде знак дека се случува нешто нелегално.
  5. Проверувајте ги извештаите за кредитните картички: тие се моќна алатка за да откриете кражба на идентитет. Најчесто, таа услуга е бесплатна. Одлична идеја е да се проверуваат трансакциите на кредитната картичка, дури и ако не се сомневате дека има некаков проблем.
  6. Размислете за користење на заштита на идентитетот: освен проверката на трансакциите на кредитната картичка, услугата заштита на индетитетот ви овозможува уште поголема контрола над личните информации. Заштитата на идентитетот што ја нудат производите на McAfee следи дури 60 различни елементи од виталните лични информации и ве известува ако има потенцијална злоупотреба и тоа го прави дури 10 месеци порано отколку што прават другите слични такви производи. Освен 24-часовниот мониторинг, исто така обезбедува до 1 милиони долари за правни трошоци, трошоци за патување, изгубен багаж и сл.
 „Речиси секој аспект од нашите животи сега се вкрстува со дигиталниот свет. Ова бара поголеми нивоа на информации да се споделуваат со зголемен број апликации и организации преку Интернет. Заштитата на овие информации бара комбинација од силна безбедносна архитектура на апликациите заедно со добра корисничка хигиена, како што се силни лозинки и повеќефакторска автентикација“, рече Вишиот потпретседател и главен директор за технологија на McAfee, Steve Grobman. „Потенцијалната загуба на чувствителни лични информации е голема грижа за нашите клиенти и нивните семејства. Нашата мисија е да ги едуцираме луѓето и да обезбедиме алатки за обезбедување приватност и заштита за да им овозможиме на клиентите безбедно да ги максимизираат придобивките од нашиот дигитален свет“.

Најдобрите решенија на McAfee, се достапни во Кабтел.