vladini-institucii-cyber-security-bezbednost
Cyber security News & Events news&blog Recommendations Solutions Success Stories Бекап ИТ Решенија Кибер безбедност

Водич за сајбер безбедност за владините агенции

Водич за сајбер безбедност за владините агенции

Sophos ги оптимизира способностите за одбрана и им овозможува на владините ИТ тимови да се фокусираат на нивните примарни обврски.

Сајбер заканите во владиниот сектор продолжуваат да растат во волумен и во сложеност. 58% од националните и локалните владини организации биле погодени од злонамерен софтвер во 2021 година, што е огромен скок од 70% во споредба со претходната година. Освен тоа, 59% од организациите пријавиле поголем волумен и посложени напади во текот на минатата година, додека 56% пријавиле посериозни последици од нападите.

Владините агенции располагаат со високочувствителни податоци, било да се од национална безбедност, критична инфраструктура или информации за поединци. Истовремено, намалените ИТ буџети, недостигот на експерти, работата во облак, како и зависноста од широка мрежа на снабдувачи и продавачи од трета страна, ја прошируваат површината ранлива на напади.

Поради таквите предизвици владините агенции имаат потреба од моќна сајбер заштита од финансиски и политички мотивирани закани, кои се обидуваат да украдат и да манипулираат со чувствителни податоци, а се и закана по националните вредности на државите.

Широк опсег на закани по владини агенции

Освен поголемиот професионализам и напредните тактики, техники и процедури кои ги користат криминалните групи, има неколку други фактори кои ги прават сајбер заканите во овој сектор сѐ поопасни:

  • Сите владини агенции имаат огромни количини податоци – од лични податоци за граѓаните за нивното здравје, дигитална идентификација и даночни информации, до чувствителни трговски корпоративни податоци, државни и национални тајни кои мора да се заштитат за да се зачува приватноста на граѓаните и националната безбедност.
  • Фишинг нападите врз владини агенции стануваат се почести и нивните ефекти поголеми поради критичната природа и количината на податоци кои ги чуваат
  • Нападите спонзорирани од непријателски држави ги хакираат владините системи за да ги попречат главните процеси, да се заканат на националните вредности и да ги посрамотат владите и да ја нарушат довербата на народот во нив
  • Хакираните владини агенции се порта до други поврзани владини оддели, продавачи од трети страни и корпоративни тела кои соработуваат со нив
  • Владините податоци се споделуваат меѓу различни владини агенции и трговски партнери, поради што пристапот на далечина до нив е неопходен
  • Владините агенции мора да осигурат 24/7 пристап за граѓаните до владините мрежи и до онлајн апликациите кои обезбедуваат критични услуги, како што се плаќањето даноци, порталите за здравствена грижа и сличните платформи
  • Корисници од трети страни како што се социјални работници или медицински персонал, снабдувачи и трговски партнери мора да имаат континуиран пристап однадвор до мрежата од различни уреди, со што се зголемува ризикот за пробивање на приватноста, измами и кражба на податоци за идентификација
  • Сајбер криминалците го таргетираат облакот за да ги експлоатираат помалку користените практики за сајбер безбедност отколку во традиционалните физички средини
Sophos може да помогне

Симнете го водичот за сајбер безбедност на владини агенции за да дознаете како Sophos може да помогне да се справите со најчестите закани по сајбер безбедноста на владиниот сектор. Sophos MDR е целосно менаџирана 24/7 услуга од страна на експерти кои се специјализирани за детекција и реакција на софистицирани сајбер напади, кои технолошките решенија сами по себе не можат да ги спречат. Како најпознат MDR провајдер во светот со многу стотици клиенти од владиниот сектор, Sophos поседува несекојдневна експертиза за закани по владиниот сектор. Sophos MDR ги применува своите знаења од одбраните на една владина агенција во другите во секторот, на тој начин генерирајќи имунитет на заедницата и подигајќи ја одбраната на сите.

“Sophos MDR не ослободува да правиме поинтересни работи и работи поврзани со развојот наместо да се фокусираме на секодневна поддршка на безбедноста“
UK Independent Parliamentary Standards Authority

Sophos ZTNA ги елиминира ранливите VPN клиенти и на владините агенции им овозоможува да понудат побезбеден и поедноставен пристап до ресурси за корисниците на далечина. Така се отстранува имплицитната доверба во апликациите, корисниците и уредите и се овозможува сегментиран пристап до системите и ресурсите само за оние на кои им се потребни.

Sophos Secure Access Portfolio на владините агенции им овозможува да се поврзат на далечина со други гранки, да достават критични апликации во облак и SaaS апликации како што се Dropbox, Salesforce и сл., како и да споделуваат податоци и информации меѓу локации. Вклучува:

  • Sophos ZTNA за поддршка на безбеден пристап до апликации
  • Sophos SD-RED за далечни Ethernet уреди и безбедно проширување на мрежата до оддалечени локации и уреди
  • Sophos Wireless пристапни точки за лесно и безбедно безжично вмрежување
  • Sophos Switch за безбеден пристап на LAN

Менаџирањето е преку единствена платформа во облак, Sophos Central.