kaspersky-kabtel-cyber-security-sajber-bezbednost-predizvik-za-biznisite
Cyber security News & Events news&blog Quick Tips Recommendations Solutions Бекап ИТ Решенија Кибер безбедност

Сајбер безбедноста – предуслов за раст на бизнисите

Драган Давидовиќ, менаџер за Источна Европа на Kaspersky: Сајбер-безбедноста е најголемиот предуслов за раст и развој

Дали сајбер безбедноста навистина е основата на инфраструктурата на иднината?

За раст и развој на бизнисите веќе денес, како предуслов, е имплементација на сајбер-безбедносни решенија. Неодамнешното истражување, спроведено меѓу 1.800 менаџери на C-suite ниво во Европа јасно покажа дека тие во моментов ја гледаат сајбер безбедноста како најголем ризик за континуитетот на бизнисот или производствените процеси. Овој факт беше нагласен во речиси половина од одговорите (49%).

Интересно е што сајбер-безбедноста се наведува почесто како предизвик во оспоредба со некои традиционални предизвици, како што се економските фактори – инфлацијата и каматните стапки (37%), особено актуелни во овој период на општа економска нестабилност или сложеност на регулативите (35%) или можни природни катастрофи (31%).

Каков е ризикот да не се размислува за сајбер безбедноста денес, кога најголемиот дел од бизнисот на компаниите е префрлен во онлајн сферата и овој тренд само ќе се шири?

Поврзувањето на бизнисот со онлајн сферата е само еден аспект од дигиталната трансформација, што поставува нови предизвици за кибер безбедноста на организациите од сите големини. Трендовите, како што се работата од дома и флексибилноста во користењето на приватни уреди за пристап до корпоративната мрежа, дополнително ги зголемуваат можностите за наоѓање „слаба точка“ во безбедносниот систем на компаниите.

Од друга страна – само во 2022 година, компанијата Kaspersky забележа зголемување од 5% на бројот на откриени закани, па сега откриваме 400.000 нови примероци на малициозен софтвер дневно. Бројот на закани не е единствената промена – заканите еволуираат секој ден и стануваат посложени, подобро скриени и потешки за откривање,но и се користат нови техники за ширење и предизвикување штета.

Иако во изминатите години свеста за потребата од обезбедување сајбер-безбедност значително напредуваше во сите деловни сегменти, овие усложнувања и зголемувањето на комплексноста на сајбер-заканите поставија нови предизвици за менаџирање на компаниите. Традиционално фокусиран на развој на бизнисот и продажбата, менаџментот има проблеми со следењето на овие промени и правилно разбирање на информациите и извештаите што доаѓаат од одделот за сајбер безбедност. Ова го оневозможува создавањето на правилна слика за потребите на компанијата во даден момент и нивното потенцијално влијание врз бизнисот, што, пак, влијае на гаранцијата за сајбер безбедноста на компанијата.

Трендовите како работа од дома и флексибилност во користење на приватни уреди за пристап на корпоративната мрежа понатаможно го зголемуваат можности за пронаоѓање некоја „слаба точка“ во компактноста.

Кои се главните причини за недоволно разбирање и како најлесно може да ги надминат компаниите?

Истражувањето што го споменав претходно ни покажа дека има неколку клучни причини за недоволното разбирање. Доминантна причина се, очекувано, буџетските ограничувања, што го споменале речиси половина (47%) од испитаниците. Освен тоа, недостаток на обуки е присутен со голем процент (43%), како и недостаток на разбирање на жаргонот и речникот за сајбер-безбедност (42%), но и недостатокот на алатки (41%) за следење и разбирање на инпутите поврзани со сајбер-безбедноста.

Тоа се многу големи проценти и го ставаат менаџментот во незавидна ситуација, да носи одлуки врз основа на нецелосни или информации кои не ги разбира во потполност. Решението за некои од овие причини е очигледно – повеќе средства во буџетот достапни за обуки, алатки или дополнителни информации, но и потреба да се најде соодветен партнер кој не само што ќе го разбира јазикот на сајбер-криминалците, туку и ќе може да ги организира собраните знаења и структурира на начин кој е достапен и разбирлив за менаџерите кои одлучуваат.

Што претставува „Threat Intelligence“?

Услугите „Threat Intelligence“ им овозможуваат на компаниите да добијат детален преглед на заканите, релевантни и навремени информации за нивниот бизнис на јасен и разбирлив начин, без потреба од дополнително филтрирање и избор на информации, со цел ефективно да ги предвидат ризиците за нивниот бизнис. Тие се засноваат не само на јавно достапни информации, туку и на увиди собрани од искусни истражувачи на форумите, темната мрежа и нивните сопствени внатрешни извори на податоци, вкрстени со увиди добиени со помош на напредни технологии за машинско учење. Повеќе од две и пол децении, Kaspersky се занимава со ова истражување – без разлика дали преку пребарување на петабајтните информации што ги поседуваме, напредните техники за машинско учење или единствената мрежа на искусни истражувачи лоцирани низ целиот свет, за да им се овозможи на корисниците да се заштитат од сите видови закани.