Trellix е признат како најдобра безбедност на е-пошта во индустријата
SE Labs го именува Trellix за добитник на овогодинешната награда за најсеопфатна заштита на е-mail од напредни закани.
Trellix, компанија за сајбер безбедност која ја обезбедува иднината на проширено откривање и одговор (XDR), објави дека е добитник на наградата за најдобра услуга за безбедност на е-пошта на SE Lab за 2024 година. Оваа награда потврдува дека Trellix Email Security е водечка e-mail заштита во индустријата за запирање на напредните закани, преку уникатна комбинација на откривање, разузнавање закани и безбедносна експертиза.
SE Labs е независна компанија за тестирање, која ги оценува безбедносните производи и услуги за подобрување на информатичката технологија. Наградата ја покажува доследноста на безбедноста на Trellix e-mail заштитата и моќта на Trellix во распознавањето на злонамерните намери од легитимната комуникација, потврдувајќи ја улогата на Trellix како цврст бранител од дигиталните противници.
„Како што заканите преку е-пошта стануваат сѐпософистицирани и таргетирани, потребата за сеопфатни решенија за заштита на е-пошта е критична неопходност“, рече Gareth Maclachlan, генерален менаџер за безбедност на мрежа и соработка, Треликс, Trellix. „Trellix е посветена да ги обезбеди нашите клиенти со водечкото во индустријата повеќеслојно откривање закани за безбедност на е-пошта. Со оваа награда, SE Labs ја препознава оваа посветеност и ефективност во запирање дури и на најизбежните закани кои се појавуваат“.
SE Labs, и за 2023 та година му додели на Trellix највисоко признание ААА за безбедност на е-пошта и 100% вкупна точност на рејтингот во својот тест за безбедносни услуги за е-пошта (ESS), надминувајќи ги Microsoft Defender и Google Workplace Enterprise. Trellix постигна извонредна 100% оцена за точност на заштитате, со отфрлање или запирање на сите напади, како и со ставање во администриран карантин. Trellix, исто така, постигна 100% заштита од компромитирање на деловна е-пошта, фишинг, малициозен софтвер и напади од социјален инженеринг.
„Е-поштата е еден од најчестите правци кои напаѓачите ги користат за да нападнат компанија. Фишинг е-пошта, линкови до опасни веб-локации и документи кои содржат непријатни изненадувања, користат е-пошта за да го направат првиот чекор во нападот. Ако безбедносната услуга за е-пошта што ја користите може да го спречи првиот чекор, масовно се намалува ризикот од хакирање. Некористењето на вакв тип заштита, искрено, е целосно неодговорно“. – Simon Edwards, основач и извршен директор, SE LABSⓇ.
Дознајте повеќе за безбедноста на е-пошта Trellix овде.
За Trellix
Trellix е глобална компанија која ја редефинира иднината на кибербезбедноста и овозможува душевен мир. Отворената платформа за проширена детекција и одговор (XDR) на компанијата им помага на организациите кои се соочени со најнапредните закани на денешницата, да стекнат доверба во заштитата и еластичноста на нивните операции. Trellix, заедно со широкиот партнерски екосистем, ја забрзува технолошката иновација преку машинско учење и автоматизација и им овозможува на над 40.000 деловни и владини клиенти континуиран раст и развој на бизнисот. Решенијата на Trellix се достапни во Македонија во КАБТЕЛ.