Sophos-Gartner-Peer-insights-Customers-Choice- Network-Firewalls-kabtel
Cyber security News & Events news&blog Solutions Success Stories ИТ Решенија Кибер безбедност

Sophos – Gartner Customers’ Choice за Network Firewalls

Sophos повторно прогласен за Gartner Peer Insights Customers’ Choice за Network Firewalls

Во текот на изминатите две години потрошувачите му даваат на Sophos просечна генерална оценка од 4.7/5, базирано на 462 оценки од 31 март 2023 година. Освен тоа, Sophos е единствениот продавач кој е прогласен за избор на потрошувачите и како најдобра платформа за заштита на крајни точки во 2021 година (2021 Endpoint Protection Platforms) и за најдобар Firewall за мрежи во 2023 година (2023 Network Firewalls). Дополнително, Sophos e единствениот продавач кој е прогласен за избор на потрошувачите како најдобар огнен ѕид за јавниот сектор, владините агенции и образовните институции (Customers’ Choice for the Network Firewalls Public Sector, Gov’t, Edu segment).

Врз основа на независните оценки на потрошувачите, кои ригорозно се проценети од страна на Gartner, ова признание е потврда за неспоредливата вредност на Sophos Firewall благодарение на врвната заштита во индустријата, супериорната прегледност и едноставното управување. Gartner Peer Insights сподели дел од корисничките коментари:

Sophos-firewall-gartner-Kabtel

Ова се само неколку од стотиците оценки на корисниците за огнениот ѕид на Sophos кои ги има на страницата на Gartner  Peer Insights.

Sophos Firewall ја оптимизира мрежната заштита
  • Sophos Firewall дава максимална вредност за вашата инвестиција во мрежна заштита, обезбедувајќи моќна заштита и перформанси за дури и најсложените мрежни средини, со бенефити кои нема да ги добиете од други такви решенија:
  • Изложување на скриени ризици – Sophos Firewall многу подобро ги открива скриените ризици во споредба со другите решенија, благодарение на визуелната контролна табла, силната детекција on premise и во облак и уникатен инсајт во ризиците.
  • Блокирање несакани закани – Sophos Firewall го прави блокирањето на несаканите закани побрзо, поедноставно и поефективно отколку другите огнени ѕидови, заради напредните високи перформанси на TLS инспекцијата и целосниот пакет со опции за напредна заштита, кои лесно се поставуваат и се контролираат.
  • Автоматска реакција на инциденти – Sophos Firewall со Synchronized Security автоматски реагира на инциденти во мрежата, благодарение на Sophos Security Heartbeat, кој споделува податоци во реално време помеѓу Sophos крајните точки и вашиот огнен ѕид.
Sophos Firewall е само дел од најдобриот екосистем за сајбер безбедност

Sophos Firewall е тесно интегриран со целосна линија на решенија за безбеден пристап до мрежи, вклучувајќи ги Sophos Switches, Wireless, SD-RED и ZTNA – заедно со остатокот од екосистемот за сајбер безбедност на Sophos за крајни точки, XDR, MDR и решенијата за безбедно допишување.

Можете да го управувате Sophos самите, преку едноставниот интегриран менаџер во облак Sophos Central или управувањето да го оставите на нашите ИТ специјалисти 24/7 со вашите сервиси за детекција и реакција на закани, изборот е ваш.

Извештајот е достапен тука.