Како што се спушта прашината по извонредната сајбер безбедносна конференција RISK 2023, не стивнуваат импресииите по настанот, особено и заради добиената награда “Cybersecurity Hero” на нашата компанија, иако подбедничка награда на оваа конференција не ни е првпат. И минатата година КАБТЕЛ беше добитник на престижната награда Best Partner Award на RISK конференцијата во 2022 година.
Задоволството е поголемо, пред се заради променливата природата на заканите, сериозноста со управувањето со сајбер, ИТ и безбедноста на податоците, која станува се попредизвикувачка и потешка, што е уште покомплексно од актуелните фактори како што се геополитичките прашања, порастот на SaaS, економските услови и хибридната работна средина, приспособени на уникатните околности што ги предизвика глобалната ситуација.
Научивме и нешто ново
Конференцијата обезбеди исклучителна платформа за различни професионалци да ги истражат најновите случувања, увиди и перспективи на полето на управување со ризик. Преку активно вклучување, презентации што предизвикуваат размислување и енергични дискусии, колективно дополнително навлеговме во сложеноста на анализата на ризиците, ублажувањето и издржливоста, се инспириравме да ги прошириме хоризонтите, да ги предизвикаме постоечките парадигми и да усвоиме иновативни пристапи во соодветните домени. Разменетите идеи и воспоставените односи ќе продолжат да поттикнуваат соработка, креативност и напредок на компаниски нивоа, што пак е предност за нашите клиенти – заради користење на искуства.
Континуирано ги јачаме сопствените капацитетите за да го поддржиме вашиот бизнис
Контактирајте ги нашите сертифицирани колеги, за да ви помогнат да разберете како да распоредите најновите политики, технологии и методологии за подобрување на безбедносните решенијата за спречување измами, откривање напади, одговор и обновување за да го заштитите вашиот бизнис.