20-godini-kabtel-fakti-i-brojki
News & Events

20 години извонредност

КАБТЕЛ ДООЕЛ – 20 години извонредност

Оваа година, одбележуваме 20 години успех, постигнат со успешно менаџирање, визија, стратешко извршување, инволвирање на тимот и напорна работа. Би сакале да испратиме големо „благодарам“ до сите наши клиенти, партнери, нашиот ИКТ тим и нивните семејства, за нивната континуирана поддршка. Извонредното патување со нетрпение очекуваме да го продолжиме со имплементација на нашата визија за раст преку овозможување на најсовремени технолошки решенија, со цел нашите клиенти да постигнат подобри деловни резултати и комуникација, овозможувајќи трансфер на знаење, искуство и технологија, сè во корист и крајно задоволство на нашите клиенти.

Веќе 20 години, КАБТЕЛ ги интегрира водечките играчи на телекомуникацискиот пазар и е главна арена за демонстрација на револуционерните ИКТ производи и услуги. Поради висококвалитетното портфолио, како и директната комуникација со своите клиенти и партнери, во неверојатно краток период, КАБТЕЛ се издвои како лидер на новиот бран ИКТ услуги и експертиза и постави нови, повисоки стандарди.

Заштитниот знак на КАБТЕЛ се tаilor -made интегрирани комплексни решенија на база клуч на рака, збогатување на финалниот производ, бескомпромисна безбедност, квалитет, сигурност, модуларност и приспособливост на решенијата, надградени со ефективна обука и поддршка и по имплементацијата на истите. КАБТЕЛ, заедно со своите реномирани партнери, гарантира највисок квалитет на интегрирани системи за информации и комуникација, овозможувајќи трансфер на знаење, искуство и технологија, за крајно задоволство и континуиран раст на нашите клиенти.

Ви благодариме што растеме заедно!