XDR-KABTEL-Sophsos-Kaspersky
Cyber security news&blog Solutions ИТ Решенија

Дали на вашата компанија и треба XDR?

Дали на вашата компанија и треба (XDR) понапредно решение за детекција и одговор на закани ?

Во последно време, се почесто се советуваат големите организации да изберат XDR решенија за заштита на нивната инфраструктура. Сепак, многу луѓе не разбираат добро што е XDR и како функционира. Одговораме на некои од основните прашања за XDR, со цел да ви помогнеме да откриете дали на вашата организација ѝ треба таков производ.

Што е проблемот со традиционалната заштита?

Традиционално, крајните точки, односно серверите и работните станици, се штитат од кибер закани и со тек на време тоа стана основен чекор во борбата со сложените сајбер напади. Организациите користат и основна мрежна заштита или инсталираат напредни алатки за да затворат еден потенцијално ранлив вектор. На пример, само на крајните точки (EDR решение) или на мрежата (NTA решение) итн. Но, денес сајбер криминалците напаѓаат повеќе вектори и користат повеќе влезни точки во инфраструктурата, латерални движења низ мрежата, разни тактики и техники за напад и социјален инженеринг. Сите тие фактори ја зголемуваат површината ранлива на напад и го отженуваат истражувањето и одговорот. А за да се борите со таквите сајбер напади на организациите им треба нова алатка со сеопфатен пристап во градењето одбрана.

Што е XDR?

XDR е кратенка од Extended Detection and Response. “Extended” во овој случај значи дека заканите се детектираат и се решаваат не само на крајните точки (персонални компјутери, лаптопи и сервери), но и пошироко од тоа. Со други зборови, Endpoint Detection and Response (EDR) решението е одговорно за детекција и спречување на закани на ниво на крајни точки – што е основниот елемент на XDR технологијата – и тоа е надополнето со различни алатки за безбедност на информации од истата компанија. Освен тоа, тие алатки цврсто се интегрираат едни со други и додаваат дополнителни сценарија кои ја зајакнуваат борбата со сложените сајбер закани.

Што вклучува XDR?

Типот и квантитетот на алатките кои се поврзани со едно XDR решение зависи директно од тоа колку алатки содржи портфолиото на една компанија и од тоа колку интегрирани се тие едни со други. На пример, тие може да се производи дизајнирани за заштита на имејл, веб, мрежа, инфраструктура во облак, идентитет итн. XDR може да се интегрира со залатки за откривање закани. На пример, платформа која ќе менаџира со таквите податоци т.е. Threat Intelligence Platform. XDR може да вклучува и портал со опции за пребарување на детали за сајбер закани и редослед на операции. Тоа на ИТ експертите им дава дополнителен контекст, што е битно за истражување на сајбер инцидентите. Општо земено, денес XDR концептот е олицетворение на модерниот економски тренд на безбедност на информации – екосистеми.

Дали имплементацијата на XDR значи дека сите претходни напори биле залудни?

Тоа и не е баш така. Има два типа на XDR решенија на пазарот: природни и хибридни. Природните решенија се добар избор ако сакате да креирате заштита од нула или продолжувате да ги скалирате производите кои доаѓаат од една компанија. Хибридните решенија овозможуваат интеграција со решенија за безбедност на информации од трети страни, па што и да сте потрошиле претходно нема да пропадне.

Нели XDR е само уште еден маркетинг трик кој го измислиле аналитичари?

Не, токму спротивното. Водечките компании за анализа го препознаа концептот и го нарекоа XDR според категоријата решенија кои се наоѓаат на пазарот. Концептот се појави со развојот на производи за безбедност на информации и потребите на пазарот. Овој период на корисниците им треба поунифициран сет на алатки за безбедност на информации од иста компанија.Тие, исто така, очекуваат други бенефити од тоа унифицирање. На пример, вкрстување на производи, автоматизација на процеси, штедење ресурси. Едно XDR решение ги има сите тие опции.

Која е вредноста на XDR за бизнисите?

Најпрвин, во време на глобалниот недостиг од експерти за безбедност на информации, XDR обезбедува холистичка заштита за проширување, промена на ИТ инфраструктурата во еден пејзаж на постојана промена на сајбер заканите. Понатаму, XDR ја поедноставува работата на вредните ресурси на компаниите како што се ИТ експертите и ги вклучува во процесирањето на инцидентите.

Трето, XDR помага да се минимизира просечното време потребно за детекција и просечното време потребно за одговор (MTTD и MTTR). Тоа е од суштинско значење за борбата со сложените закани и таргетираните напади, каде што брзата реакција на експертите за ИТ безбедност ги намалува шансите на напаѓачите да ја остварат својата цел и да нанесат финансиска штета или штета на репутацијата на организацијата. Затоа, дури и ако имате ограничени ресурси на експерти, можете да ја заштитите својата организација од сложените сајбер напади бидејќи XDR нуди:

-поголема автоматизација;

-користење на една конзола;

-едно езеро на податоци;

-блиска интеракција меѓу алатките за ИТ безбедност како дел од XDR и заеднички сценарија;

-целосна слика на тоа што се случува во инфраструктурата;

-збогатување со точни, релевантни податоци за откривање закани;

-супериорна приоритизација на инциденти;

-помалку лажни предупредувања за закани.

Дали имате XDR решение?

Решенијата за безбедност на КАБТЕЛ им овозможуваат XDR на експертите за сајбер безбедност. Благодарение на интероперабилноста и континуираните новини во портфолиото, вашата организација ќе може да ги контролира сите влезни точки во инфраструктурата, да ја зголеми видливоста и да обезбеди централизирана одбрана. Ако сакате да дознаете повеќе, посетете ја веб-страницата на www.kabtel.mk.