NAKIVO со уште едно достигнување со IT Monitoring за VMware vSphere
Најновата верзија NAKIVO Backup & Replication 10.5 со подобрена заштита против ransomware е лансирана истовремено со новото решение NAKIVO IT Monitoring за VMware vSphere.
NAKIVO направи уште еден значаен чекор напред во развојот на компанијата со новото решение за мониторинг VMware vSphere околини. ИТ мониторингот е битна алатка за виртуелните средини и на организациите им овозможува добро да го надгледуваат здравјето и перформансите на нивната инфраструктура. Компанијата продолжува и да ја подобрува бекап заштитата од закани со уценувачки софтвер во NAKIVO Backup & Replication во последната надградба 10.5.
IT мониторинг за VMware vSphere
Мониторингот над користењето ресурси од VMware инфраструктурата е многу битно за идентификување на проблемите со перформансите, за избегнување пречки во сообраќајот на податоци и подобрување на ефикасноста на VM. Надградувајќи ја својата сигурна платформа за заштита на податоци и збогатувајќи ја експертизата со VMware vSpherе, NAKIVO понуди ново, високоефикасно решение – VMware vSphere IT Monitoring.
ИТ администраторите сега ќе имаат увид во меморијата, CPU и искористеноста на дискот на нивната VMware vSphere инфраструктура преку NAKIVO Backup & Replication унифицираниот мрежен интерфејс. Новиот додаток е корисен и за дијагностика во реално време и за стратешко планирање. Освен детекцијата на тековни проблеми, ИТ администраторите ќе можат да проектираат идни промени во потрошувачката на ресурси, со цел да се избегнат пречки во сообраќајот на податоци, а сето тоа користејќи го истиот интерфејс кој го користат за менаџирање со бекапот на податоци.
“VM мониторингот на перформансите може да биде моќна алатка во смисла на обезбедување на агилноста и ефикасноста на инфраструктурата. Уникатната позиција на NAKIVO на пазарот за бекап и враќање податоци, исто така овозможува увид во тоа како мониторингот може да спречи губење на податци во виртуелни средини“ вели Брус Тели, извршен директор на NAKIVO Inc.
Hardened Virtual Appliance
Бизнисите се соочуваат со континиурано растечки број на закани од сајбер криминалците, при што не само податоците се во опасност, туку и нивната бекап верзија. Со NAKIVO Backup & Replication корисниците можат да креираат бекап кој не може да се смени и да го сместат во Amazon S3 платформата за бекап, или на локално складиште базирано на Linux.
Верзјата 10.5 вклучува Hardened Virtual Appliance, со што NAKIVO продолжува да им помата на корисниците да станат сé поотпорни на напади од ransomware. Оваа нова опција е едноставно решение, кое истовремено нуди и заштита на бекап на податоци. Со ова решение, кое работи на Ubuntu Server, корисниците можат да користат локално складиште, за да создадат бекап кој не може да го смени никој. Таа непромениливост не може да ја тргнат ни самите корисници, па дури и оие со повисоки нивоа на пристап, па бекапот останува заштитен од измени, бришење или енкрипција од уценувачки софтвер.
Достапност на новите опции
Новите опции се бесплатно достапни во 15-дневен пробен период, кој вклучува целосен пристап до NAKIVO IT Monitoring и до сите нови опции на NAKIVO Backup & Replication.
“Заштитата на податоците кои корисниците ги доверуваат на NAKIVO Backup & Replication е најбитна. Ние сакаме секоја компанија да работи безбедно без да мора постојано да внимава и да се грижи дали нивните податоци ќе бидат енкриптирани од уценувачки софтвер“ вели Брус Тели, извршен директор на NAKIVO Inc.
“Сега имаме солидно решение за бекап и овој успех им го должиме на професионалците од NAKIVO кои се грижеа за нас. На овој начин ние се концентрираме на безбедноста на нашите корисници, затоа што успеавме да ги решиме проблемите со заштитата на нивните податоци со NAKIVO Backup & Replication,” вели Марко Мура, главен службеник за безбедност на информации во Mondialpol Service Group.
За NAKIVO
NAKIVO е корпорација со седиште во САД која се фокусира на изработка на врвни решенија за бекап, заштита од уценувачки софтвер и враќање на податоци во виртуелна, физичка или SaaS средина, како и во облак. Како еден од најбрзо растечките производители на решенија за бекап и заштита од рансомвер во оваа индустрија, NAKIVO последните 22 квартали има двоцифрен раст, оценки со 5 ѕвезди од онлајн заедницата, 98% задоволни корисници од својата поддршка и мрежа од над 6.000 партнери во целиот свет. Над 20.000 корисници во 162 земји му ја доверуваат на NAKIVO заштитата на своите податоци, меѓу кои се и големи компании како Honda, Cisco, Fujifilm, Coca-Cola и Siemens. Партнер за NAKIVO Македонија е Кабтел.