Врабтоуваме инженери за ИКТ решенија (ICT Engineers)
КАБТЕЛ Мисија: Дизајн, имплементација и одржување на целосни информациско-комуникациски системи, базирани на најновите ИКТ-технологии за поддршка, раст и успех на нашите клиенти и партнери од сите сектори и индустрии. Нашиот тим е нашето највредно богатство и главната причина за нашиот успех. Успесите на компанијата се потпираат не само на нашите технологии, методологии и инфраструктура, туку и на придонесот и посветеноста на вработените.
Вработените ја прават разликата!
Поради проширување на тимот, КАБТЕЛ ДООЕЛ има потреба од :
1.Инженер за ИКТ решенија;
2.Постар Инженер за ИКТ решенија,
кои ќе му се придружат на нашиот тим во Одделот Професионален Сервис
Основни одговорности:
- Имплементација на:
Мрежна инфраструктура – switching & routing;
Информациска безбедност – Firewall & End-Point;
Заштита на податоци – Backup & Recovery;
- Дизајн, инсталација и имплементација на комплетни ИКТ решенија од продуктното портфолио на компанијата;
- Анализа и решавање на проблемите поврзани со крајните корисници и системот, со алатки од далечина или директно од клиентските локации;
- Администрирање на локалната ИКТ инфраструктура во рамки на компанијата;
- Изработка на техничка документација за реализирани проекти;
- Периодично сертифицирање за продуктите од продуктното портфолио на компанијата;
- Посета на семинари, обуки, презентации и работилници, со цел континуирана надградба на индивидуалните знаења и перформанси;
Дали сте Вие идеалниот кандидат и поседувате …
- Средно образование-техничка струка, предност со високо образование (инженер/ИКТ технологии);
- Искуство во работа со компјутерски мрежи;
- Способност за администрација на различни оперативни системи (Windows, Linux);
- Способност за индивидуално и тимско работење;
- Солидно познавање на говорен и пишан англиски јазик;
- Возачка дозвола –Б категорија;
Ние нудиме..
- Компетитивна месечна нето плата;
- Пријатна работна компаниска култура;
- Програми и обуки за развој на кариера и личен развој;
- Програма за благосостојба (спортски настани/спортски активности);
Доколку сте заинтересирани, испратете Ваша биографија на следнава e-mail адреса: vrabotuvanje@kabtel.com.mk, краен рок за аплицирање 15.07.2022 година
Огласот за превземење е достапен тука.