оглас-вработуваме-инженер-за-предпродажба-инженеринг-автоматика-интеграција-кабтел
news&blog

Вработуваме инженер за предпродажба

Отворена рабoтна позиција: Инженер за предпродажба

 КАБТЕЛ Мисија: Дизајн, имплементација и одржување на целосни информациско-комуникациски системи базирани на најновите ИКТ-технологии за поддршка, раст и успех на нашите клиенти и партнери од сите сектори и индустрии. Нашиот тим е нашето највредно богатство и главната причина за нашиот успех. Успесите на компанијата се потпираат не само на нашите технологии, методологии и инфраструктура, туку и на придонесот и посветеноста на вработените.

Луѓето ја прават разликата!

КАБТЕЛ ДООЕЛ има потреба од Инженер за предпродажни активности (presales), кој ќе му се придружи на нашиот тим во Одделот за Инженеринг, Автоматика и Интеграција.

 Главни одговорности и задолженија : 

  • Набавка на опрема од локални и странски добавувачи.
  • Изработка на документација во ЕРП.
  • Континуирана анализа на пазарот и конкуренцијата
  • Учество во предпродажни активности                                                                                                                                                           
Дали сте Вие идеалниот кандидат и поседувате … 
  • Високо образование-техничка струка;
  • Искуство во работа со набавки;
  • Способност за администрирање на документација;
  • Спремност и желба за континуирана надоградба во областа на најновите технологии;
  • Способност за независно работење, ефикасно решавање на проблеми во зададени временски рокови;
  • Познавање на говорен и пишан англиски јазик;
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
  • Возачка дозвола – Б категорија;
 Нудиме…
  • Месечна нето плата, согласно поседувани компетенции;
  • Бонусен систем на награди;
  • Пријатна работна компаниска култура;
  • Програми и обуки за развој на кариера;
  • Договор на неопределено работно време со неколку месеци пробен период;

 Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија на следнава e-mail адреса:  vrabotuvanje@kabtel.com.mk, краен рок за аплицирање 31.03.2023 година