Во новиот логистички центар на KAM, КАБТЕЛ имплементираше решение за автоматизација на системот за ладење.
На вкупна површина од 60.000м2, во најголемиот логистички центар досега во Македонија, изграден по најсовремени стандарди, објектот се протега на простор од 16.000м2. Се наоѓа на само неколку километри од центарoт на Скопје. Располага со капацитет од 6.800 палети за суви продукти, како и 2.500 палети за замрзнати производи, овошје, зеленчук и свежо месо. Процесот на прием и чување на производите на посебни температурни режими, во соодветни комори како на пр. овошјето, зеленчукот, месото, чоколадите, млечните и длабоко замрзнатите производи, кои подлежат на строги контроли се еден од најважните сегменти од работењето.