Categories: news&blog

Вработуваме инженер за предпродажба

Отворена рабoтна позиција: Инженер за предпродажба

КАБТЕЛ Мисија: Дизајн, имплементација и одржување на целосни информациско-комуникациски системи базирани на најновите ИКТ-технологии за поддршка, раст и успех на нашите клиенти и партнери од сите сектори и индустрии. Нашиот тим е нашето највредно богатство и главната причина за нашиот успех. Успесите на компанијата се потпираат не само на нашите технологии, методологии и инфраструктура, туку и на придонесот и посветеноста на вработените.

Луѓето ја прават разликата!

КАБТЕЛ ДООЕЛ има потреба од Инженер за предпродажни активности (presales), кој ќе му се придружи на нашиот тим во Одделот за Инженеринг, Автоматика и Интеграција.

 Главни одговорности и задолженија : 

  • Набавка на опрема од локални и странски добавувачи.
  • Изработка на документација во ЕРП.
  • Континуирана анализа на пазарот и конкуренцијата
  • Учество во предпродажни активности                                                                                                                                                      
Дали сте Вие идеалниот кандидат и поседувате …
  • Високо образование-техничка струка;
  • Искуство во работа со набавки;
  • Способност за администрирање на документација;
  • Спремност и желба за континуирана надоградба во областа на најновите технологии;
  • Способност за независно работење, ефикасно решавање на проблеми во зададени временски рокови;
  • Познавање на говорен и пишан англиски јазик;
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
  • Возачка дозвола – Б категорија;
Нудиме…
  • Месечна нето плата, согласно поседувани компетенции;
  • Бонусен систем на награди;
  • Пријатна работна компаниска култура;
  • Програми и обуки за развој на кариера;
  • Договор на неопределено работно време со неколку месеци пробен период;

 Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија на следнава e-mail адреса:  vrabotuvanje@kabtel.com.mk, краен рок за аплицирање 31.03.2023 година

leveski

Recent Posts

NDR – Следниот чекор во мрежното откривање и одговор

Мрежното откривање и одговор (NDR) оди подалеку од основното откривање на упади за континуирано следење…

3 days ago

Sophos го намали времето на одговор на закани на 89 секунди

Agentic SOC на Sophos го намали времето на одговор на закани на 89 секунди  Sophos…

3 weeks ago

Континуитет на работењето и заштита од рансомвер

Континуитет на работењето на компаниите и заштита од рансомвер Големите организации или компании имаат голема…

4 weeks ago

Log Collector – Централизирана контрола и безбедност за модерната ИТ инфраструктура

Log Collector – Централизирана контрола и безбедност за модерната ИТ инфраструктура Во денешното дигитално опкружување,…

1 month ago

BaaS vs традиционален Backup – што е подобро?

BaaS vs. Традиционален Backup – која е вистинската стратегија за заштита на податоци? Во современото…

1 month ago

2/3 од лозинките можат да бидат пробиени за помалку од 24 часа

AI алатките ја менуваат кибер безбедноста: Повеќе од две третини од лозинките можат да бидат…

1 month ago