kako-kompaniite-da-se-zastita-od-ransomware-ransomver-kabtel
Нападите на Ransomware се на насловните страници веќе неколку години. Во нивната потрага по профит, напаѓачите се насочени кон речиси сите видови на организации, од јавни до здравствени и образовни институции, до даватели на услуги и индустриски претпријатија, што влијае на речиси секој аспект од животот.
Сајбер-криминалците кои стојат зад овие напади сè уште успеваат да смислат нови, софистицирани и разработени техники или дури и да ги реплицираат пристапите карактеристични за некои од моментално неактивните групи кои се сметаа за врвни играчи.
Неодамнешното истражување на Kaspersky потврди дека во претходната година, повеќе од 40% од компаниите се соочиле со најмалку еден напад на откупни софтвери. Директните финансиски трошоци за закрепнување од овие напади беа, за малите и средни компании, во просек од 6.000 евра, додека просечната цена за опоравување на големите компании е околу 91.500 евра.
Во претходната година, решенијата на Kaspersky открија и спречија повеќе од 74,2 милиони обиди за напади со откупни софтвери, што е зголемување од 20 проценти во споредба со 2021 година, кога беа откриени 61,7 милиони такви напади. Нападите на откупни софтвери најчесто биле насочени кон јавниот сектор и владините организации (19,39 проценти од случаите), финансискиот сектор (18,37 проценти) и индустријата (17,35 проценти), а потоа следуваат телекомуникацискиот сектор (9,18 проценти) и ИТ (9, 18 проценти). Иако многу години регионот на Југоисточна Европа беше донекаде надвор од фокусот на организираните групи кои го користат овој тип на напади, тој станува се поприсутна сериозна закана. Посебно атрактивни се државните институции и локалните власти, како и финансискиот и телекомуникацискиот сектор – доволно е да се потсетиме на случаите кои привремено ја парализираа работата на одредени јавни институции во Северна Македонија, Црна Гора и Србија.
Експертите на Kaspersky откриле дека во речиси 43% од случаите, нападот со откупен софтвер започнал со искористување на апликации наменети за јавна употреба. Дополнително на ова, најчестиот вектор преку кој ransomware го пронашол својот пат до податоците на компанијата се податоците поврзани со претходно компромитирани кориснички сметки (во 24% од случаите) како и злонамерните пораки на е-пошта (во 12% од случаите). Примарната цел на напаѓачите честопати не била само да изнудат или шифрираат податоци, туку да украдат лични податоци, интелектуална сопственост и други чувствителни информации.
Превземено од PC press
Скопје, [20.02.2025] – КАБТЕЛ, водечки интегратор на ИКТ решенија, гордо објавува дека уште еднаш го…
Справување со сложеноста на безбедноста во ерата на вештачка интелигенција, дигитализација и облакот Барањата за…
Дали е потребен бекап на Microsoft 365? Повеќето облак услуги денес се достапни за клиентите…
Trellix Endpoint Security повторно обезбеди врвно место во SE Labs Q2 2024 Endpoint Protection Test,…
Правилата за сајбер безбедност доживеаја големи промени во 2024 година. Владите ширум светот донесуваат регулативи…
3 клучни вештини што ви се потребни за да успеете како CISO Во текот на…