csr -corporate-social-responsability-kabtel-opstestvena-odgovornost
КАБТЕЛ, како компанија која повеќе од две децении активно инвестира во напредни ИКТ и безбедносни решенија, со гордост се приклучи кон проектот „Патека до самостојност“ на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“. Проектот има за цел да обезбеди системска поддршка за млади лица без родители, помагајќи им полесно да ги развијат своите знаења, вештини и самостојност, како основа за успешна интеграција во општеството и пазарот на труд.
Програмата воведува иновативен модел на „Одговорно сопствеништво“, каде штитениците на возраст од 10 до 17 години, преку труд и стекнување нови знаења, го заработуваат правото на сопственост на својата компјутерска опрема. Ако претходно децата добиваа опрема како чин на милосрдие, со новиот модел тие учат дека вредните работи во животот се заработуваат.
Клучниот инструмент во овој процес е „Пасошот на вештини Марјановиќ“. Овој документ е доказ за трудот на секое дете. Компјутерската опрема на почетокот се доделува само на користење, а за да стекнат целосна и трајна сопственост, децата мора успешно да ја завршат предвидената едукација. Секој научен модул носи „виза“ во нивниот пасош, а само целосно пополнетиот пасош значи дека детето го „заработило“ својот компјутер.
Проектот се реализира со поддршка на повеќе организации: компјутерите се донација на Datalab, за нивното сервисирање и техничка поддршка ќе се грижи Сетек, ФИНКИ обезбедува инфраструктурна подршка за хостирање на платформата за учење на далечина, а МАСИТ и МАЧР се мостот кон бизнис заедницата. Проектот финансиски го помогнаа Barn i hjärtat Scania, амбасадорите на Фондацијата и неколку анонимни донатори. Едукацијата ќе ја изведува академијата Еверест.
Преку имплементација на современи безбедносни технологии, учесниците во проектот добиваат можност да работат и учат во средина која ги следи највисоките стандарди за дигитална безбедност, што претставува важен предуслов за развој на нивните дигитални и професионални компетенции.
„Во КАБТЕЛ веруваме дека технологијата има вистинска вредност само кога се користи за создавање позитивни промени. Нашето учество во проектот „Патека до самостојност“е дел од нашата поширока заложба за општествена одговорност и поддршка на младите, преку обезбедување безбедна дигитална средина која ќе им помогне да ги изградат своите знаења, самодоверба и идни професионални можности“, изјавуваат од КАБТЕЛ.
Со вакви иницијативи, КАБТЕЛ ја потврдува својата посветеност кон општествено одговорно работење, активно придонесувајќи кон развојот на заедницата и создавање одржлива иднина. Компанијата и понатаму ќе продолжи да поддржува проекти кои ги поврзуваат технологијата, безбедноста и човечкиот развој, во согласност со својата мисија.
Што е GDPR? Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR) е законодавство на ЕУ донесенa…
Ransomware продолжува да ги осакатува организациите ширум светот, исцрпувајќи ги буџетите и запирајќи ги операциите.…
Пожарот во ноќниот клуб „Ле Констелејшн“ во Кранс-Монтана, Швајцарија со 40 загинати, за жал, беше…
Проценките на MITRE ATT&CK® се меѓу најригорозните независни безбедносни тестови во светот. Тие ги емулираат…
КАБТЕЛ – добитник на наградата „Македонски квалитет“ за врвен квалитет, иновативен пристап и континуиран развој…
Претставување на Sophos Intelix за Microsoft 365 Copilot Внесување на интелигенцијата за закани од Sophos…