Cyber security

КАБТЕЛ – Kaspersky Best MSP партнер

КАБТЕЛ – Kaspersky Best MSP партнер за 2021  за регионот, по заслуга на посветеноста на сертифицираните безбедносни ИТ специјалисти

Улогата на управуваните даватели на услуги (MSPs) значително се промени во текот на изминатите две години. Како и со сите дејности, MSP давателите на услуги моравме да се прилагодиме и да покажеме огромна отпорност и агилност за време на пандемијата COVID-19, за да останеме релевантни за клиентите и да продолжиме да ги поддржуваме променливите деловни потреби. Сега повеќе од кога било, клиентите бараат од нивниот MSP да биде доверлив советник и да им помогне да се справат со сегашните и идните предизвици.

Но, со дигиталната трансформација што се случува со огромна брзина, не само што треба да одржуваме чекор и да се грижиме за потребите на нашите клиенти кои се развиваат, туку и за потребите на нивниот бизнис. Со интегрираните ИКТ технологиите со кои ги поткрепуваме новите начини на работа и деловните модели, ИТ безбедноста е ставена во центарот на вниманието, за одржување на стабилност, непречен раст и развој на клиентите кои ги опслужуваме.

Нашите колеги се континуирано на линијата на фронтот на кибер безбедноста, постојано будни, фокусирани и достапни 24/7 за безбедносните проблеми на нашите соработници, со најдобрите решенија за кибер безбедност, за што и се наградени од партнерот Kaspersky за BEST MSP провајдер. Честитки за посветеноста, напредните технологии кои постојано се развиваат и имплементираат, сè во служба на нашите клиенти.

Julija Damjanovska

Recent Posts

Паметно хемиско чистење: UHF RFID технологија и 24/7 услуги

Паметно хемиско чистење: UHF RFID технологија и услуги достапни 24/7 Дигитално следење на секое парче…

2 days ago

Паметно управување со соларни централи со Robotina и КАБТЕЛ

Паметно управување со соларни централи со Robotina и КАБТЕЛ Искористете повеќе од сопствената соларна енергија…

2 days ago

Како функционираат телефонските измами?

Не одговарајте на непознати и скриени броеви – заштитете се од телефонски измами Телефонските повици…

3 days ago

NAKIVO& KABTEL: Next Generation Backup & Data Protection настан

KABTEL и NAKIVO: Современи решенија за бекап и заштита на податоците На 14 октомври 2026…

4 days ago

25 години КАБТЕЛ – Заедно градиме иднина

25 години доверба. 25 години посветеност. 25 години КАБТЕЛ. Оваа година КАБТЕЛ одбележува значаен јубилеј…

2 weeks ago

SCADA во пумпни станици – интелигентно управување со критична инфраструктура

SCADA во пумпни станици – интелигентно управување со критична инфраструктура Во современото управување со пумпни…

1 month ago