Cyber security

McAfee со еден златен и два сребрени медали

McAfee со еден златен и два сребрени медали

Врвната лабораторија за безбедност го награди McAfee со еден златен медал и два сребрени медали

Водечката компанија за онлајн заштита МcAfee објави дека McAfee Total Protection ја доби наградата производ на годината за 2021 година од AV-Comparatives. Независната лабораторија за тестирање на безбедноста по индустриски стандарди исто така на McAfee Total Protection му додели и златен медал за Malware Protection Test и сребрени медали за тестовите Real-World Protection и Advanced Threat Protection tests.

McAfee го доби од ценето признание откак во текот на 2021 година доби шест Advanced+ награди и една Advanced Award. Од лабораторијата го пофалија чистиот, модерен интерфејс на допир кој лесно се интегрира во оперативните прилагодувања на Windows.

“Оваа награда оддава признание на достигнувањата на нашиот тим во изградбата на најновите врвни технологии за одбрана и заштита на нашите корисници од заканите на денешницата и од заканите на утрешнината. Ова престижно признание од AV-Comparatives, еден од лидерите во тестирањето на антивирусни софтвери, е потврда за нашиот успешен пристап во чувањето на безбедноста на луѓето додека уживаат онлајн“ изјави Стив Гробман, Chief Technology Officer во McAfee.

AV-Comparatives е глобално признат лидер во антивирусно тестирање  нивната награда за производ на годината е меѓу најпрестижните достигнувања во индустријата. Секоја година независната лабораторија за тестирање ригорозно тестира различни софтверски поизводи за безбедност и според резултатите се доделуваат годишни награди кои се прикажани во извештајот Summary Report за 2021 година.

Тестовите вклучуваат мерење на способностана софтверот за заштита од закани од реалниот свет, идентификување на малициозни програми, обезбедување заштита без забавување на функциите на компјутерите и отстранување на постојниот злонамерен софтвер. Производот со мајвисока оценка на сите тестови во серијата Public Consumer Main Test Series ја добива наградата производ на годината..

Тие што се заинтересирани да се заштитат себеси и своите семејства онлајн со годинашниот врвен производ можат да симнат бесплатна пробна верзија на  McAfee Total Protection, која вклучува наградувана тенологија против злонамерен софтвер, следење на идентитетот, безбеден VPN и безбедно пребарување по интернет со целосна заштита.

Прочитајте го целосниот годишен извештај на AV-Comparatives на овој линк.

За McAfee

McAfee е глобален лидер во онлајн заштита, правејќи го животот онлајн побезбеден и позабавен за сите. Фокусиран на заштитата на луѓето, не на уредите. Решенијата на  McAfee се адаптираат на потребите на корисниците во овој онлајн свет, овозможувајќи им на нашите корисници самоуверено да го искусат животот онлајн преку интегрирани, лесни за користење решенија, кои обезбедуваат целосна заштита за нивните семејства и на заедниците. www.mcafee.com

За AV-Comparatives:

AV-Comparatives е независна организација која нуди систематско тестирање кое врши проверка дали некој софтвер за безбедност, како што се антивирусните производи за PC/Mac и мобилните безбедносни решенија ги исполнуваат ветувањата што ги даваат. Користејќи ја најголемата колекција на примероци во светот, создава реална средина за навистина прецизно тестирање. AV-Comparatives нуди бесплатно достапни резултати за поединци, медиумски организации и научни институции. Сертификатите на AV-Comparatives се официјална потврда за перформансите на софтверот кој е глобално признаен. https://www.av-comparatives.org/.

Решенијата на McAfee се достапни во КАБТЕЛ.

leveski

Recent Posts

Зајакнување на тимот преку континуирана доедукација

Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…

4 hours ago

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…

1 week ago

Sophos XDR: Нови AI функционалности и подобрувања на истрагите

Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…

2 weeks ago

SCADA автоматизација – искористување на целосниот потенцијал

Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…

1 month ago

Нови XGS Series Desktop Firewalls уреди & SFOS v21

Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…

1 month ago

Кабтел повторно THALES Key Industrial Partner

Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…

1 month ago