Терминот „антивирус“ е со нас веќе со децении, датира од првиот софтвер кој беше дизајниран да ги спречи компјутерите да добиваат малициозен софтвер или злонамерен код, како вируси, што би ги заклучил компјутерите, ќе ги помеша податоците или на друг начин ќе ги оштети компјутерите и нивните податоци. Главен пример на овој ран типов на малициозен софтвер е вирусот „Melissa“ од 1999 година што се ширеше преку инфицирани прилози преку емеил и уште поразорниот вирус „ILOVEYOU“ кој нанесе милијарди штета ширум светот.
Има добра причина зошто луѓето толку лесно го користат зборот „антивирус“. Вирусите се во нашиот колективен ум веќе некое време. И купувањето на компјутер честопати беше придружено со прашањето: „Дали имате антивирус за вашиот компјутер? Во голема мера, поимот антивирус стана прилично вкоренет.
Сепак, денес драматично се променети работите. Сè уште ни треба антивирус, тоа е сигурно. Но, потребно е многу повеќе од тоа за да се живее безбедно онлајн во моментов. И тука доаѓа софтверот за заштита на интернет.
Онлајн софтверот за заштита ве заштитува. Вклучува антивирус, но дополнително го штити и вашиот идентитет и приватност на вашите уреди.
Начинот на кој ги користиме нашите компјутери, таблети и телефони во денешно време ја покажува причината зошто ни е потребна толку широка заштита. Ние водиме голем дел од нашите животи на интернет. Користиме онлајн апликации за банкарство, купуваме, ги планираме финансиите онлајн. Ние, исто така, и работиме од нашите домови со паметни уреди и паметни звучници. Сè повеќе, го следиме нашето здравје и благосостојба и со поврзани уреди – како што се тренинзите на нашиот телефон и биометрија со уреди за потрошувачи, па дури и од медицинска класа.
Едноставно кажано, денешните закани еволуираа. Додека вирусите и малициозниот софтвер остануваат проблем, денешните лоши актери се ангажираат во повисоки цели, како крадење лични и финансиски информации за кражба на идентитет. Покрај тоа, големите и малите организации собираат податоци од вашите уреди и работите што ги правите на нив, личните податоци што многумина ги споделуваат и продаваат за профит. Некои од оваа збирка податоци стануваат доста значајни, составени од широк опсег на јавни извори кои може да вклучуваат записи како стечај, продажба на недвижности и евиденција за раѓање – плус приватни извори кои понатаму може да ги вклучат вашите навики за купување, луѓето со кои разговарате, но и како изгледаат вашите дневни рути врз основа на информациите за локацијата снимени од вашиот паметен телефон.
Ако се најдете изненадени од ова, не сте сами. Огромен обем на активности за собирање податоци се случуваат без знаење или согласност на луѓето.
Ако се прашувате зошто некој би сакал такви податоци баш за вас, сметајќи дека воопшто и не сте доволно инетресна мета на хакерите, размислете за индустријата од повеќе милијарди долари на онлајн брокерите за податоци. Тие собираат илјадници различни податоци од милиони луѓе и ги ставаат на продажба на секој што има интерес да ги купи. Тоа би можеле да бидат огласувачи, потенцијални работодавци, приватни истражувачи и слично. Исто така, лошите актери би можеле да ги користат вашите сопствени податоци за да пратат спам, да ве вознемируваат, да се претвораат дега сте вие или на друг начин да ви наштетат.
На почетокот, многу од овие упади во нашата приватност и идентитет беше тешко да се забележат, а камоли да се спречат. На пример, вашите лични податоци се фатени во прекршување на податоците и завршуваат објавени за продажба на темната мрежа. Како да дознаете, пред да биде предоцна и крадецот да ви одземе многу средства од вашата дебитна картичка? Исто така, со десетици и десетици брокери за податоци, како да пронајдете кои од нив имаат објавени информации за вас и потоа да побарате да бидат отстранети? А што ако ви се случи кражба на идентитет преку Интернет и се соочите со трошоци?
Така, како што еволуираа онлајн заканите, така еволуираше и софтверот за заштита на интернет. Поминуваме многу од денот на интернет, а онлајн заштитата како McAfee+ ви помага да го правите тоа поприватно и побезбедно. Тој е доста сеопфатен, а различните планови за McAfee+ вклучуваат:
Сигурно, заштитата како оваа останува наш примарен фокус. McAfee и КАБТЕЛ ќе продолжат да нудат повеќе заштитни средства кои се грижат за вас и вашиот бизнис.
Значи, иако антивирусот и софтверот за заштита на интернет се различни работи, тие работат заедно. Антивирусот обезбедува силна безбедност на уредот, што ги надополнуваат функционалностите за приватност и идентитет вклучени во онлајн заштитата. Некогаш беше доволно да ги заштитиме нашите уреди од вируси и малициозен софтвер. Сега треба да се заштитиме и себеси. Само антивирусот нема да го направи тоа, но антивирусот како дел од онлајн заштитата ќе го направи.
Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…
Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…
Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…
Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…
Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…
Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…