Sophos ги оптимизира способностите за одбрана и им овозможува на владините ИТ тимови да се фокусираат на нивните примарни обврски.
Сајбер заканите во владиниот сектор продолжуваат да растат во волумен и во сложеност. 58% од националните и локалните владини организации биле погодени од злонамерен софтвер во 2021 година, што е огромен скок од 70% во споредба со претходната година. Освен тоа, 59% од организациите пријавиле поголем волумен и посложени напади во текот на минатата година, додека 56% пријавиле посериозни последици од нападите.
Владините агенции располагаат со високочувствителни податоци, било да се од национална безбедност, критична инфраструктура или информации за поединци. Истовремено, намалените ИТ буџети, недостигот на експерти, работата во облак, како и зависноста од широка мрежа на снабдувачи и продавачи од трета страна, ја прошируваат површината ранлива на напади.
Поради таквите предизвици владините агенции имаат потреба од моќна сајбер заштита од финансиски и политички мотивирани закани, кои се обидуваат да украдат и да манипулираат со чувствителни податоци, а се и закана по националните вредности на државите.
Освен поголемиот професионализам и напредните тактики, техники и процедури кои ги користат криминалните групи, има неколку други фактори кои ги прават сајбер заканите во овој сектор сѐ поопасни:
Симнете го водичот за сајбер безбедност на владини агенции за да дознаете како Sophos може да помогне да се справите со најчестите закани по сајбер безбедноста на владиниот сектор. Sophos MDR е целосно менаџирана 24/7 услуга од страна на експерти кои се специјализирани за детекција и реакција на софистицирани сајбер напади, кои технолошките решенија сами по себе не можат да ги спречат. Како најпознат MDR провајдер во светот со многу стотици клиенти од владиниот сектор, Sophos поседува несекојдневна експертиза за закани по владиниот сектор. Sophos MDR ги применува своите знаења од одбраните на една владина агенција во другите во секторот, на тој начин генерирајќи имунитет на заедницата и подигајќи ја одбраната на сите.
Sophos ZTNA ги елиминира ранливите VPN клиенти и на владините агенции им овозоможува да понудат побезбеден и поедноставен пристап до ресурси за корисниците на далечина. Така се отстранува имплицитната доверба во апликациите, корисниците и уредите и се овозможува сегментиран пристап до системите и ресурсите само за оние на кои им се потребни.
Sophos Secure Access Portfolio на владините агенции им овозможува да се поврзат на далечина со други гранки, да достават критични апликации во облак и SaaS апликации како што се Dropbox, Salesforce и сл., како и да споделуваат податоци и информации меѓу локации. Вклучува:
Менаџирањето е преку единствена платформа во облак, Sophos Central.
Скопје, [20.02.2025] – КАБТЕЛ, водечки интегратор на ИКТ решенија, гордо објавува дека уште еднаш го…
Справување со сложеноста на безбедноста во ерата на вештачка интелигенција, дигитализација и облакот Барањата за…
Дали е потребен бекап на Microsoft 365? Повеќето облак услуги денес се достапни за клиентите…
Trellix Endpoint Security повторно обезбеди врвно место во SE Labs Q2 2024 Endpoint Protection Test,…
Правилата за сајбер безбедност доживеаја големи промени во 2024 година. Владите ширум светот донесуваат регулативи…
3 клучни вештини што ви се потребни за да успеете како CISO Во текот на…