news&blog

Кои се најмоќните делови на Ѕophos Central?

Кои се најмоќните делови на Ѕophos Central? Секако, оние што никој не ги забележува.

Многу работи се случуваат во позадината на најценетата платформа за сајбер безбедност во светот, Sophos Central. Погледнете што сè има под површината.

Sophos Central, платформата за безбедност базирана во облак, има опција за која никој не зборува, но сите ја сакаат. Како администратор вие го креирате вашиот идентитет само еднаш и тоа е тоа. И одеднаш можете да ги користите сите производи на Sophos, без да мора да поставувате и да паметите посебни кориснички податоци за ваша заштита, за безбедност на вашиот имејл и на вашиот огнен ѕид. Едноставно сè функционира.

Можеби сметате дека ова не е најважната опција заради која некој некогаш купил производ на Sophos, но таа постои и на секој корисник му заштедува по време и ангажман. Можеби некогаш корисниците ќе се подзачудат колку лесно функционира сè, но веднаш потоа продолжуваат со своите нормални активности, и тоа е одлична илустрација за моќта и вредноста на платформата.

Подобрување на вашата безбедност и „отклучување“ на иновациите

Прво, тука има еден очигледен дел. Ако сите решенија за кибер безбедност работат заедно и ако можете да ги видите и да ги контролирате преку еден екран, тоа ќе ви заштеди време. Можете да примените глобални политики, полесно да ги забележувате проблемите и генерално, многу поефикасно да ја одржувате стабилноста на вашиот бизнис или организацијата.

Причината зошто Sophos платформа работи толку едноставно е затоа што цел тим од Sophos Central инженери се фокусирани исклучиво на платформата и ги обезбедуваат “градежните” блокови за нашите тимови за производиство, кои потоа ги користат.

Во овој пример тоа значи дека се логирате само еднаш и потоа го користите целото портфолио на производи. А тоа значи и помалку работа за девелоперите во тимот на Sophos. Наместо тоа, тие се фокусираат на подигнување на безбедноста и иновативност на производите, кои се и причината зошто ги избираме производите на Sophos.

Ако специјализираните решенија за сајбер безбедност ги замислиме како соби во куќа, лесно е да се гледа на Sophos Central како на термостат кој ви овозможува да ја менувате температурата во сите соби одеднаш, но и електриката, водоводот итн, односно сè што прави една куќа.

Наменски создадено место за сајбер безбедност на податоците

И тоа не е сè. Со обезбедување единствена платформа за развој на сите наши производи, создаваме една заедничка точка каде што сите корисници можат да разменуваат податоци и да комуницираат.

Тука се случува вистинската магија. Пристискате копче и сите решенија почнуваат да комуницираат едно со друго. Сега едно предупредување за заштитата од крајниот корисник може да предизвика и одговор на огнениот ѕид. На пример, да се изолира некој уред пред да се прошири злонамерниот софтвер. Бидејќи се споделуваат податоци меѓу производите, едно решение учи што може да биде добро и за другите.

За тоа да е така има многу работа позади сцена. Најпрвин, треба да се менаџираат многу податоци и тоа се зголемува експоненцијално како што се додаваат решенија. Ако користите Sophos XDR, на дневна основа веројатно процесираме 6-20 MB за секоја крајна точка и по 20-80 MB за секој сервер. Во една поголема организација таа количина може да се зголеми на неколку гигабити дневно.

Ако се додаде и Sophos Firewall во  решението, оваа бројка ќе се искачи на десетици гигабити дневно. Можеби потоа ќе го додадете и Sophos Email и потенцијално податоците од Office 365. Многу набрзо ќе менаџирате со голем волумен на податоци дневно, а бидејќи Sophos Central ги поврзува сите, ви олеснува се и проактивно ве известува ако нешто не е во ред.

Ова е она на што сме најмногу горди – Sophos Central го прави сето тоа многу брзо. Можете да побарате некоја задача на сите крајни точки, за која на повеќето системи им треба повеќе време, а hos Central ќе ја заврши за неколку секунди.

Тајната состојка на Sophos технологијаta

Sophos Central може да го направи тоа поради паметниот начин на којa e изградена платформата за податоци. Креирањето на  нешто толку амбициозно и извонреденоста на Sophos тимот е една од причините за софистираноста на Sophos решенијата. Платформата е главно направена во AWS, со популарни технологии како Kafka и Presto, како и други веќе проверени услуги. Тајната состојка е како се сложуваат сите тие делови во едно решение, постојано имајќи ги на ум целите на нашите корисници кога планираме како да се внесуваат, да се распоредуваат и како да се складираат податоците. На пример, ние знаеме кои извештаи најчесто ги прават администраторите, па затоа ја поставуваме архитектурата за тие одговори да се добиваат колку што е можно најбрзо. Всушност, тоа значи дека можеме да направиме многу повеќе од само брзо добивање на тие одговори – може да бидат готови и пред да се логирате.

Од самиот старт до процесот на дизајнирање, се посветува многу време на смислување на работите кои најмногу ќе користат во секојдневната работа. Затоа, нареден пат кога ќе притиснете некое копче за синхронизација на ново решение во Sophos Central и ќе се насмевнете кога ќе видите колку лесно функционира, помислете на сите оние зад сцената затоа што тимот на професионалци во Sophos многу напорно работиме за да ви го овозможиме тоа.

Ако пак, се уште не користите Sophos Central, можеби е време да го тестирате. Пробајте го бесплатно 30 дена и ќе видите дали ви одговара.

Julija Damjanovska

Recent Posts

Зајакнување на тимот преку континуирана доедукација

Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…

3 days ago

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…

1 week ago

Sophos XDR: Нови AI функционалности и подобрувања на истрагите

Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…

2 weeks ago

SCADA автоматизација – искористување на целосниот потенцијал

Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…

1 month ago

Нови XGS Series Desktop Firewalls уреди & SFOS v21

Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…

1 month ago

Кабтел повторно THALES Key Industrial Partner

Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…

2 months ago