Categories: news&blog

Sophos Intercept X рангиран на прво место во три извештаи на SE Labs reports

Sophos Intercept X рангиран на прво место во три извештаи на SE Labs reports

Sophos со гордост објавува дека Sophos Intercept X достигна 100% Total Accuracy рејтинг за претпријатија, мали бизниси и корисничка заштита во извештајот на SE Labs за тестирање на заштита на крајните точки (Jan – Mar 2021).  Било да ги заштитувате вработените на работа или семејствата дома, можете да бидете мирни, затоа што ќе знаете дека сте заштитени со најдобрата заштита за крајни корисници во светот.

Уникатната комбинација на Intercept X од технологија против злонамерен софтвер, вештачка интелигенција за длабинско учење, превенција за експлоатација и активно откривање на закани е направена со цел да се стопира најширок дијапазон на закани.

Освeн тоа, Sophos Intercept X Advanced со EDR интегрира моќна детекција на закани кај крајни корисници и одговор на нив (EDR), со врвна заштита на крајните корисници. Направен за ИТ безбедносни операции и ловење на закани, Intercept X детектира и истражува сомнителна активност со  анализа, потпомогната од вештачка интелигенција.

За сите што бараат помош при детекцијата и одговорот на закани Sophos Managed Threat Response (MTR) обезбедува 24/7 ловење на закани, детекција и одговор преку експертски тим,  како целосно менаџирана услуга.

Sophos MTR ја спојува технологијата за заштита на Intercept X експертски човечки анализи за подобрено ловење и детекција на закани, подлабинско истражување на предупредувања и таргетирани активности за брзо и прецизно елиминирање на закани. За разлика од други услуги, Sophos MTR тимот нуди многу повеќе од обично известување за напади или сомнително однесување и презема таргетирани активности со цел неутрализирање дури и на најсофистицираните и најсложени закани.

SE Labs не е единствената која оддава признание на Intercept X. Листата со другите награди од индустријата можете да ја најдете на овој линк.

#1 за заштита на претпријатија

Sophos Intercept X е единствениот производ тестиран до 100% прецизност и доби оценка AAA од SE Labs. Целосните резултати од тестовите моежет да ги најдете тука.

#1 за заштита на мали и средни бизниси

Во извештајот за мали бизниси Intercept X покажа зошто го освои признанието на SE Labs, Small Business Endpoint производ на годината за 2020 и 2019 година. Како и на тестовите за претпријатија, Intercept X е рангиран ан прво место со 100% прецизност. Целосните резултатите од тестовите за мали и средни бизниси можете да ги најдете тука.

#1 за заштита на корисници

Истиот злонамерен софтвер кој ги напаѓа Fortune 500 компаниите ги напаѓа и приватните корисници. Sophos Home ги има истите врвни способности за заштита кои ги користат и компаниите. Можете да ги најдете целосните резултати од тестирањето кај корисници тука.

Испробајте гo Intercept X и Sophos Home бесплатно

Тестирањето на моќните способности на Intercept X не може да биде полесно. Аплицирајте денес за 30 дена бесплатен тест период на врвната заштита и EDR функционалностите или активирајте инстант онлајн демо.

Julija Damjanovska

Recent Posts

Зајакнување на тимот преку континуирана доедукација

Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…

22 hours ago

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…

1 week ago

Sophos XDR: Нови AI функционалности и подобрувања на истрагите

Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…

2 weeks ago

SCADA автоматизација – искористување на целосниот потенцијал

Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…

1 month ago

Нови XGS Series Desktop Firewalls уреди & SFOS v21

Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…

1 month ago

Кабтел повторно THALES Key Industrial Partner

Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…

1 month ago