Cyber security

Sophos MDR со платинум награда “Astors”

Sophos е прогласен за најдобро управувано откривање и одговор (MDR), endpoint, network и anti-malware безбедност за владините организации на САД од страна на American Security Today.

Sophos е платинест добитник на наградите за безбедност „ASTORS“ за 2022 година, кои им оддаваат почит на водечките решенија на пазарот што ги користат владините агенции и ентитети, како и бизнисите од сите големини низ Соединетите држави.

Сајбер-безбедноста е критична точка на пресврт во услови на зголемена фрекфентност на нападите, постојаниот напредок и сложеноста на сајбер нападите, како што е потврдено и во Извештајот за закани од Sophos 2023 година. Sophos е посветен да им помогне на институциите и компаниите да ја унапредат својата одбрана од сајбер безбедноста со иновативни решенија за откривање и одговор на закани, а овие најнови признанија се потврда дека Sophos ги вооружува тимовите од првите редови на одбраната со најдобрата заштита во индустријата.

Како што е објаснето од Tammy Waitt, уредничка директорка на American Security Today, „номинациите на „ASTORS“ се оценуваат според нивната техничка иновација, интероперабилност, специфично влијание во рамките на категоријата, целокупното влијание врз индустријата, поврзаноста со другите индустриски технологии и изводливоста на апликацијата надвор од индустријата. Победниците се избираат од експертскиот  панел на судии American Security Today, а наградите за домашна безбедност „ASTORS“ се доделуваат на нивоата на платина, злато, сребро и бронза“.

Платинум наградата на решението Sophos MDR е  резултат на најдобриот одговор кон сајбер заканите

Sophos MDR е водечко решение во индустријата, што го користат повеќе од 13.000 организации со лов на закани, откривање и одговор 24/7. Неодамна проширените функционалности сега интегрираат и телеметрија од безбедносни технологии од трети страни, обезбедувајќи невидена видливост и откривање низ различни работни средини.

Sophos и понатаму води во рнгирањата низ светот, како најдобро решение за закана на крајната точка и најдобро решение против малициозен софтвер со Sophos Intercept X со XDR и најдобро решение за мрежна безбедност со Sophos Firewall. Овие понуди се дел од Sophos Adaptive Cybersecurity Ecosystem, каде што споделуваат разузнавачки информации за закани во реално време, со широкото портфолио на решенија и услуги на Sophos за побрз и поконтекстуален одговор на нападите. Безбедносните решенија на Sophos дополнително се напојуваат со предвидливо, во реално време и длабоко истражување и разузнавање за закани со помош на Sophos X-Ops,  лесно се управувано преку cloud платформата Sophos Central или од Sophos MDR.

Списокот на победници е достапен онлајн.

leveski

Recent Posts

Паметно хемиско чистење: UHF RFID технологија и 24/7 услуги

Паметно хемиско чистење: UHF RFID технологија и услуги достапни 24/7 Дигитално следење на секое парче…

2 days ago

Паметно управување со соларни централи со Robotina и КАБТЕЛ

Паметно управување со соларни централи со Robotina и КАБТЕЛ Искористете повеќе од сопствената соларна енергија…

2 days ago

Како функционираат телефонските измами?

Не одговарајте на непознати и скриени броеви – заштитете се од телефонски измами Телефонските повици…

3 days ago

NAKIVO& KABTEL: Next Generation Backup & Data Protection настан

KABTEL и NAKIVO: Современи решенија за бекап и заштита на податоците На 14 октомври 2026…

4 days ago

25 години КАБТЕЛ – Заедно градиме иднина

25 години доверба. 25 години посветеност. 25 години КАБТЕЛ. Оваа година КАБТЕЛ одбележува значаен јубилеј…

2 weeks ago

SCADA во пумпни станици – интелигентно управување со критична инфраструктура

SCADA во пумпни станици – интелигентно управување со критична инфраструктура Во современото управување со пумпни…

1 month ago