vodic-za-kiber-bezbednost-cybersecurity-proizvodstven-sektor-kabtel-sophos.jpg
Производниот сектор се наоѓа во индустриската ера 4.0: паметни фабрики опремени со индустриски IoT уреди, роботика и напредна аналитика за револуција во производните процеси. Но, брзата дигитализација, недостигот на стандарди за сајбер безбедност кои ќе го следат растот, IT/OT преминот, и ниската толеранција на секторот за оперативни застои ја зголемуваат површината ранлива на напади. Производителите бараат решенија за ризиците како што се експлоатација на ранливите точки, протекување информаци и саботирање на производството, кои денес се среќаваат во целата индустрија.
Не е изненадување дека предизвиците за сајбер безбедноста на производителите растат во волумен и сложеност: 55% од производните организации биле нападнати од злонамерен софтвер во 2021 година, што е мал раст во споредба во однос на 52% во 2020 година. 61% од производителите забележале пораст на волуменот, 66% пријавиле посложени напади, а 51% пријавиле поголеми штети од нападите.
Освен поголемиот професионализам и сѐ понапредните тактики, техники и процедури кои ги користат криминалните групи, и неколку други фактори придонесуваат за сѐ потешките предизвици за сајбер безбедноста во овој сектор.
Симнете го нашиот Водич за сајбер безбедност во производниот сектор за да научите како Sophos може да помогне во решавањето на најчестите предизвици со сајбер безбедноста со кои се соочува производниот сектор.
Sophos MDR е целосно менаџирана 24-часовна услуга која ја обезбедуваат експерти, специјализирани за детекција и реакција на софистицирани сајбер напади, кои технолошките решенија не можат самостојно да ги превенираат. Како најдобриот MDR провајдер во светот, кој има стотици клиенти од производниот сектор, Sophos располага со посебно широка и сеопфатна експертиза кога станува збор за заканите со кои се соочува производниот сектор. Sophos MDR ги применува искуствата од една производствена компанија на сите други во секторот и на тој начин генерира еден заеднички имунитет и ја засилува одбраната на сите.
Sophos ZTNA ги елиминира ранливите VPN клиенти, ви овозможува да понудите безбеден и лесен пристап до ресурсите за корисниците на далечина, дефинирани од политиките на команиите. Ја брише имплицитната доверба во апликациите, корисниците и уредите, со што овозможува сегментиран пристап до системите и ресурсите.
Sophos Secure Access Portfolio им овозможува на производителите да се конектираат со одделни далечни локации или филијали, им обезбедува суштински апликации со облак и SaaS апликации како што се Dropbox, Salesforce и други, но и споделува податоци и информации помеѓу различни локации.
Сѐ се менаџира преку една платформа во облак, Sophos Central.
За да дознаете повеќе за тоа како Sophos може да ви помогне, побарајте го најсоодветното решение за вашиот бизнис од сертифицираните специјалисти за безбедност на КАБТЕЛ, Платинум Партнер за Мaкедонија .
🎉 ПРОМОТИВНА ПОНУДА НА LANDE КАБИНЕТИ И ДОДАТОЦИВо рамки на ограничената залиха на КАБТЕЛ, ви нудиме промотивна…
Имплементација на SCADA во постоечки капацитети Имплементацијата на SCADA систем во постоечки капацитети бара структуриран…
SCADA (Supervisory Control and Data Acquisition) е клучна технологија за автоматизација, надзор и контрола на…
95% од сајбер нападите почнуваат преку вработените – Дали вашиот тим е подготвен? Во дигиталниот…
Sophos MDR: Нови акции за безбедност на Microsoft 365 Новите моќни можности им овозможуваат на…
EnGenius лансираше платформа за надзор базирана на облак која ги комбинира можностите за вештачка интелигенција…