Cyber security

Кои се ризиците од јавните Wi-Fi мрежи?

Едноставно, ако се поврзете на јавен Wi-Fi, се соочувате со многу реална можност  за кражба на вашите податоци. Ние пренесуваме многу вредни информации преку Интернет, и ако сајбер -криминалците ги добијат вашите податоци за плаќање, акредитиви за најава, документи, приватни разговори и слично, тие можат да ги злоупотребат вашите платежни информации и да ги злоупотребат вашите сметки. Со пристапот до сметката, тие може, на пример, да ве имитираат и да дистрибуираат спам или да извлечат пари од вашите пријатели, или да најдат информации за кои можат да ве уценувааат на пример.

Ако се поврзете со несигурна мрежа од уред кој го користите за работа, деловните тајни на вашата компанија исто така може да завршат во погрешни раце. Во некои случаи, сајбер -криминалците може скришум да го заразат вашиот уред со малициозен софтвер, кој останува таму дури и по исклучувањето од хотспотот.

Затоа, за да останете безбедни и при користење на јавните мрежи, следете ги нашите седум едноставни правила.

  1. Бидете претпазливи со јавните Wi-Fi конекции

Колку и да е примамлива или итна приватната трансакција, Wi-Fi мрежите без лозинка не се соодветни за споделување на важни информации. Сите податоци што ги испраќате или примате преку јавен Wi-Fi може да бидат видливи за секој што има пристап до истата мрежа – тоа може да бидат десетици или стотици странци на аеродромот, или во возот, на пример. Користете јавна Wi-Fi мрежа само за читање вести, но не најавувајте се на ниедна услуга која може да овозможи компромитирање на вашите сметки.

Дури и ако мрежата на која  сакате да се конектирате има лозинка, тоа не значи дека е безбедна. Напаѓачот може да се поврзе исто лесно, исто како вас. Лозинките често се печатат на сметките од кафулињата или се поставени на место видливо за секого.

  1. Проверете го името на хотспотот.

Некои сајбер-криминалци одат подалеку и, наместо да се поврзат со постојните јавни Wi-Fi мрежи, создаваат и намамуваат жртви во свои, именувани слично. Ако MyCoffeeShop е вистинската мрежа, на пример, невнимателните гости може погрешно да се приклучат на CoffeeShop_Guest или MyC0ffeeShop и на тој начин да им овозможат на арамиите лесен пристап до нивните податоци.

Пред да се приклучите на нова јавна мрежа, одвојте момент да ги проверите имињата на достапните конекции. Барајте правилен редослед на зборови, букви заменети со броеви со слична форма, дополнителни подвлекувања и слично.

  1. Оневозможете автоматско поврзување со Wi-Fi

Современите уреди се обидуваат да го поедностават животот нудејќи автоматски да се поврзат со отворени или познати мрежи; на многу системи оваа опција е стандардно овозможена. За жал, тоа им помага и на сајбер – криминалците, со автоматското поврзување на уредите на корисниците, пред корисници да помислат да превземат мерки на претпазливост, и така оставаат можност да се заразат со малициозен софтвер или да ги споделат своите лозинки директно со крадците на податоци.

За да избегнете такви изненадувања:

  • Исклучете Wi-Fi кога не го користите (на тој начин ќе и заштедите живот на батеријата);
  • Оневозможете автоматско поврзување со мрежи (побарајте ја опцијата во поставките за Wi-Fi);
  • „Заборавете“ на јавните Wi-Fi мрежи штом ќе завршите со нивната употреба.
  1. Избегнувајте недоверлив Wi-Fi за услуги што бараат автентикација

Секогаш кога е можно, најавете се на сметки каде банката, пасошот или другите чувствителни податоци се чуваат само од вашата безбедна домашна или корпоративна мрежа. Ако околностите бараат итно да го проверите балансот, користете мобилни податоци. Дури и ако сте во странство и трошоците за роаминг се високи, губењето информации преку непријателска пристапна точка би чинело многу повеќе.

  1. Инсталирајте безбедносно решение за заштита на комуникациските канали

Најсигурен начин да ги одржувате вашите уреди безбедни кога користите јавен Wi-Fi е однапред да ги опремите со сигурна заштита. Апликациите за виртуелна приватна мрежа (VPN) ја штитат вашата приватност со шифрирање на податоците пред да ги испратите на рутерот, чувајќи ги скриени. Ако оваа опција ви е  инсталирана, дури и јавниот Wi-Fi е безбеден.

  1. Користете безбедносни решенија од реномирани продавачи на кои можете да им верувате во врска со вашите податоци

При изборот на сигурно решение за VPN конекција, проверете дали можете да  верувате на брендот кој го нуди. Изберете реномирана компанија која нема да ги собира и продава вашите податоци. На пример, Kaspersky VPN Secure Connection користи сигурен и безбеден протокол OpenVPN и не го најавува сообраќајот на корисниците.

  1. Конфигурирајте ја VPN апликацијата за автоматско вклучување на јавните мрежи

Можете рачно да активирате безбедна врска пред да отворите важни апликации, но најдобро е да не се потпирате само на меморијата. Наместо тоа, конфигурирајте ја вашата VPN апликација за автоматско вклучување на безбедна конекција секој пат кога ќе се поврзете на јавен Wi-Fi. Ако користите Kaspersky VPN Secure Connection, нема потреба да се грижите за брзината; пропусниот опсег е доволен дури и за видео стриминг.

И ако работите со важни информации, овозможете ја функцијата Kaspersky VPN Secure Connection’s Kill Switch, која го блокира преносот на податоци додека решението не воспостави безбедна врска и го отстрани ризикот од следење.

Вистински начин до обезбедување на безбеден јавен Wi-Fi

Јавниот Wi-Fi содржи многу скриени опасности, но не мора целосно да се откажете од него. Изборот – дали да ја проширите листата на добри навики за сајбер -безбедност или да обезбедите апликации со дополнителна заштита останува на вас. А, зошто да морате да изберате кога можете да ги имате и двете одеднаш?

Julija Damjanovska

Recent Posts

Зајакнување на тимот преку континуирана доедукација

Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…

4 hours ago

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…

1 week ago

Sophos XDR: Нови AI функционалности и подобрувања на истрагите

Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…

2 weeks ago

SCADA автоматизација – искористување на целосниот потенцијал

Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…

1 month ago

Нови XGS Series Desktop Firewalls уреди & SFOS v21

Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…

1 month ago

Кабтел повторно THALES Key Industrial Partner

Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…

1 month ago