Кибер безбедност

Бенефити од новиот стандард Wi-Fi 7

Бенефити од новиот Wi-Fi 7 стандард

Значи, што е WiFi 7?

WiFi 7 е претстојниот стандард за Wi-Fi поставен од Институтот за електротехника и електроника (IEEE). Ќе работи на сите три безжични опсези (2,4 GHz, 5 GHz и 6 GHz) и ќе се разликува од претходниот  стандард WiFi 6 со тоа што ќе ги подобри перформансите за потрошувачите со екстремната брзина и малата латентност. Тоа значи дека можете да ги искористите предностите на видео стриминг 8k, да искусите виртуелна реалност (VR) или проширена реалност (XR) и да следите истовремено повеќе видео конференции. Искуствата на потрошувачите и бизнисите искуствено ќе ни ги обелоденат и останатите предности со користењето на новиот стандард Wi-Fi 7, но и новите технологии.

Повеќето од нас користат Wi-Fi во секојдневниот живот

Без разлика дали станува збор за работа, училиште или забава, ние се потпираме на оваа технологија за да останеме информирани и продуктивни. Можеби веќе сте знаеле или не знаете дека моментално во употреба е стандардот Wi-Fi 6E и се подготвуваме за следната фаза Wi-Fi 7. EnGenius им помага на потрошувачите и бизнисите  да ја искористат Wi-Fi еволуцијата.

Нема потреба да проверувате на кој Wi-Fi сте моментално, ќе објасниме што е Wi-Fi 7, како функционира и како тоа ќе влијае на сите нас.

Работа со повеќе врски и латентност

Денешните Wi-Fi уреди обезбедуваат пристап до повеќе безжични опсези, за кои беше дискутирано претходно, но обично користат само една врска за пренос на податоци, само префрлување на друга ако се променат условите. Wi-Fi 7 ќе воведе опции за работа со повеќе врски (MLO) кои овозможуваат уредите да се поврзуваат истовремено на два опсези, што ќе доведе до зголемена пропусност, намалена латентност и зголемена доверливост. Ова значи дека вашите податоци сега ќе имаат повеќе опсези на кои ќе патуваат и ќе создаваат побрзи врски дури и во пренатрупани области или ќе ги споделуваат истите непотребни податоци за да се осигураат дека пристигнуваат во случај другиот да не успее. MLO е одличен за новите технологии како cloud computing, онлајн игри, VR/AR и видео стриминг.

Забава за потрошувачите
wifi4-wifi6-EnGenius-Kabtel

Со толку многу забава за споделување и интеракција, и дополнителните можности кои што доаѓаат со напредните технологии во AR/VR), овозможуваат нови бенефити, како на пример ако да не чекате видеата да се баферираат, да немате доцнења за време на играта или мора да се гледате видеа со пониска резолуција. Со Wi-Fi 7, вие и вашето семејство и пријатели можете да уживате во игри и видеа во 4k/8k истовремено.

Решенијата на EnGenius се достапни во КАБТЕЛ. Искуства од имплементираните решенија се достапни тука.

leveski

Recent Posts

КАБТЕЛ повторно Sophos Platinum Partner

Скопје, [20.02.2025] – КАБТЕЛ, водечки интегратор на ИКТ решенија, гордо објавува дека уште еднаш го…

2 days ago

Безбедноста во ерата на AI, cloud и дигитализацијата

Справување со сложеноста на безбедноста во ерата на вештачка интелигенција, дигитализација и облакот Барањата за…

2 weeks ago

Дали е потребен бекап на Microsoft 365?

Дали е потребен бекап на Microsoft 365? Повеќето облак услуги денес се достапни за клиентите…

2 weeks ago

Trellix Endpoint Security најдобар во SE Labs Q2 2024

Trellix Endpoint Security повторно обезбеди врвно место во SE Labs Q2 2024 Endpoint Protection Test,…

3 weeks ago

Нови закони за градење на сајбер отпорност во 2024

Правилата за сајбер безбедност доживеаја големи промени во 2024 година. Владите ширум светот донесуваат регулативи…

4 weeks ago

3 клучни вештини за да успеете како CISO

3 клучни вештини што ви се потребни за да успеете како CISO Во текот на…

4 weeks ago