Categories: Interviews

Интервју со Шери Веи, генерален менаџер на EnGenius Networks Europe B.V. (Senao Group)

*Интервјуто е превземено од веб страната на Иновативност: Интервју со Шери Веи, генерален менаџер на EnGenius Networks Europe B.V. (Senao Group)

Каде се движи wi-fi светот? Одговорот на ова интригантно прашање го дава Шери Веи , генерален менаџер на EnGenius Networks Europe B.V. (Senao Group) која деновиве во Скопје беше дел од иновативниот настан на EnGenius и Кабтел, компанија која е партнер за Македонија. EnGenius  е водечки глобален бренд за производство на Senao безжичните мрежи и решенија.

Нејзиното присуство во Македонија го искористиме да дознаеме што се случува во светот на wi-fi технологиите.

Разговараше- Сања Наумовска

За почеток, Ве молиме претставете  ја вашата компанија EnGenius Networks Europe B.V., која веќе две децении креира хардверски и софтверски Wi-Fi  решенија за мали и средни компании?

EnGenius е бренд основан на пазарот пред 20 години. Ние сме бренд на тајвански производител за Wi-Fi  уреди, SeNao Networks. Тоа е нашата матична компанија и тие не само што инвестираа во развој на брендот EnGenius, голем дел од нивната и нашата деловна активност е производство на Wi-Fi  уреди за други големи Wi-Fi  брендови. Овие светски играчи на пазарот исто така користат уреди што нашата компанија ги произведува за нив.

EnGenius на глобално ниво сега има шест канцеларии. Седиштето е во Тајван. Имаме канцеларии во Европа со седиште во Холандија, како и во Америка, Канада, Сингапур и Дубаи. Оваа глобална поставеност е со цел да обезбедиме локална поддршка на нашите клиенти.

Една од предностите на EnGenius е што самите ги произведуваме уредите. Имаме производни капацитети и тоа е од исклучително значење, затоа што не толку многу брендови или поточно многу малку компании за Wi-Fi  и мрежната индустрија  располагаат со сопствени производни капацитети. Ова е голема предност на EnGenius од аспект на нашите клиенти – гарантирано квалитетни производи и решенија, но и флексибилност, во однос на другите брендови. Згора на тоа, ние исто така соработуваме многу тесно со производителите Wi-Fi чипови, како што се Qualcomm, Broadcom… Ние бевме одбрани од страна на Qualcomm да бидеме нивни стратешки партнер, односно корпорациски партнер, што повторно ни дава предност да бидеме пред нашите конкуренти.  Тоа е она што нашиот бренд EnGenius го издвојува од нашите конкуренти.

Всушност, нашата цел и нашата мисија е да обезбедиме Wi-Fi  решение што е насочено кон пазарот на мали и средни фирми, затоа што тие сочинуваат 90% од европскиот бизнис. Значи, ние сакаме да обезбедиме на пазарот на СМБ карактеристики и кориснички интерфејс на компаниско ниво, односно,да додадеме вредност за клиентите со кои работиме.

Вашиот производ EnSky нуди и Wi-Fi  решенија во работните простории, како и решенија за облак?

Да, EnGenius сега нуди две категории на производи. Имаме решенија за работни простории, решението  „EnSky“. Но, изминатиот месец го започнавме нашето ново облачно решение и сега имаме комплетно решение за нашите клиенти, кои можат да одлучат дали сакаат да ги користат on premise решенијата или облакот, или пак двете решенија истовремено. Ние дури обезбедивме платформа, која им овозможува да конфигурираат и управуваат комплетно преку неа што е многу лесно и едноставно за нив. Нашата главна цел е да ги направиме животите, секојдневното работење на нашите клиенти полесно и поедноставно.

Кој е начинот на работа на вашата компанија, бидејќи сте присутни на речиси сите континенти?

Соработуваме многу тесно со нашите партнери на секој пазар, вклучително и во Македонија. На македонскиот пазар, наш партнер е компанијатa Кабтел, со која веќе развивме неколку убави проекти. Низ целиот свет работиме со проекти на различни вертикални пазари, како што се образование, угостителство, владини тендери, логистика. Скоро во секој аспект, во секоја вертикала EnGenius е присутен. Нашите решенија се присутни и овде. На пример, неодамна го финализиравме договорот за имплементирање на EnGenius Wi-Fi  решение во хотелот Александар Палас.

Можете ли да дадете поконкретни информации за соработката со вашиот партнер Кабтел и вашите проекти овде?

Секако, имаме реализирано хотелски проект во Метропол Езерскиот комплекс, каде што се имплементираше решение за безжично вмрежување, кое ги опфаќа сите три хотели на комплексот – Метропол, Белви и Турист, како и нивните придружни содржини, со цел да се обезбеди максимална удобност на гостите кои престојуваат во комплексот. Слично решение реализиравме и во хотелот Радика, а и  хотелот Александар Палас наскоро ќе интервенира на својата безжична мрежа со нашето решение.

Покрај хотелската индустрија, заедно со Кабтел распоредивме неколку магацински решенија во повеќе поголеми магацински објекти, би споменала дел од нив: Еуротабак, Вивакс, Зегин…., каде што безжичното решение е основа за нивниот магацински софтвер, но се користи  и за употреба во административниот дел од објектите на клиентите.

КАБТЕЛ Е НАШ ПАРТНЕР И КЛИЕНТИТЕ ОВДЕ ДОБИВААТ ИНСТАНТА ПОДДРШКА, КАКО И КОНСУЛТАЦИИ, АСИСТЕНЦИЈА ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД. СÈ ДОАЃА ОД КАБТЕЛ, ТАКА ШТО НИЕ ГО ЦЕНИМЕ ОВА ПАРТНЕРСТВО И МИСЛАМ ДЕКА Е МНОГУ ВАЖНО ЗА КОРИСНИЦИТЕ И КЛИЕНТИТЕ ОВДЕ ДА ЗНААТ ДЕКА ИМАМЕ ДОВЕРЛИВ ЛОКАЛЕН ПАРТНЕР!

Во CERMAT е имплементираното безжично решение како поддршка на магацинскиот софтвер, дизајнирано да работи во екстремни услови во просториите на објектот, вклучувајќи ги и ладилници.

Меѓу другите проекти на Кабтел се и владини институции, како: МЕПСО, Македонска филхармонија, Фудбалска федерација на Република Македонија, Државен завод за ревизија, ДЕНИ Интернационал  и многу други.

Значи, имаме неколку различни проекти во различни дејности.

Кои се трендовите во светот на Wi-Fi ?

Од технолошки аспект, дефинитивно ќе биде 11ax, кој е познат и како Wi-Fi  6. Ова е дефинитивно идниот тренд бидејќи побарувачката за Wi-Fi  се зголемува. Мислам дека сите се согласуваат дека не можеме да живееме без Wi-Fi . Значи, за да можеме да ја прилагодиме побарувачката и растечките побарувања, дефинитивно ни е потребна нова технологија и со 11ax можеме да го исполниме тоа затоа што Wi-Fi 6 обезбедува четири пати поголема ефиксаност од ефикасноста на тековната технологија која е во употреба.

Друг тренд е облачно базираниот Wi-Fi . За облак решенијата исто така се зборува многу во последно време. Со безжичниот облак, без користење на локален сервер, Wi-Fi  корисниците, нашите клиенти, можат да управуваат, можат да конфигурираат, па дури и можат да ја визуелизираат својата мрежа на многу едноставен начин. Ова е всушност многу важно за нив, затоа што ако сакаат да креираат одлична Wi-Fi  мрежа која ќе функционира без проблем,  треба да бидат сигурни дека за минимално време, ќе добијат максимални перформанси. Значи, ова е трендот што го гледаме во развојот на Wi-Fi  решенијата во наредните 3-5 години. Всушност, се предвидува преминот од 11ac во 11ax да се случи во рок од 2-3 години. Значи, промената ќе биде многу брза.

Дали има нешто друго што би сакале да додадете?

Како тренд, може да се каже дека cloud технологијата ќе се спроведува не само од аспект на Wi-Fi, туку од аспект на податоците, следејќи го трендот за Wi-Fi  облак кој го овозможуваме со нашето cloud решение. Како што рековме, имаме целосна контрола во облакот. Имаме контролер во облакот за управување со пристапните точки.

Blagoja Kondratjuk

Share
Published by
Blagoja Kondratjuk

Recent Posts

Нови XGS Series Desktop Firewalls уреди & SFOS v21

Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…

5 days ago

Кабтел повторно THALES Key Industrial Partner

Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…

2 weeks ago

4Т: Едноставен начин за управување со сајбер ризиците

4 Т: Едноставен начин за управување со сајбер ризиците Сајбер-криминалците ги унапредуваат своите методи секој…

3 weeks ago

Како се спасија Олимписките игри во Париз?

Покрај опипливите физички закани, Олимпијадата во Париз се соочи и со виртуелни. Веќе пишувавме за…

3 weeks ago

Дали сме прислушувани на паметни телефони?

Дали сме прислушувани на паметни телефони? Во минатиот век важеше правило дека најмногу нè знаат…

1 month ago

Sophos – Gartner Magic Quadrant лидер за endpoint

Sophos прогласен за лидер во 2024 Gartner®️ Magic Quadrant™️ за платформи за заштита на крајната…

1 month ago