Младен Вуканац, генерален менаџер, Sauter Building Control Serbia: Влијанието на четвртатата индустриска револуција врз системите за управување со објекти (ВМЅ)
На повидок се нови хоризонти и се поставуваат нови стандарди на полето на автоматизација преку дигитализација – облак решенијата, интернет на нештата, машинското учење и вештачката интелигенција. Би рекол дека заврши периодот на претерана инерција на полето на BMS и услугите во облак ќе бидат достапни за мониторинг на управувањето со зградите и инженерингот, што ќе доведе до тоа буквално „да ја носите зградата во џеб“.
Во текот на раните 80-ти години од минатиот век хардверот за BMS користеше затворени протоколи. Тоа беше совршена влезна бариера за конкуренцијата и една ситуација каде што беше возможен природен монопол. Во раните 2000-ти години почна движење за поставување отворени системи за комуникација како што се BACnet / IP протоколите за комуникација, кои со тек на време станаа отворен стандард во индустријата и доведоа до поголема компатибилност на индустријата и развој на поконкурентни пазари.
Моето петнаесетгодишно искуство во оваа индустрија ми кажува дека во блиска иднина софтверот и специјализираните технички инженерски услуги ќе бидат многу побитни за постигнување пазарна моќ отколку хардверот. Присуството на многу техника, слабите проверки за соодветност и намалувањето на очекуваниот маргинален поврат на иновативните проекти може да ги намалат инвестициите во иновации а хардверот. Наместо тоа компаниите ќе градат подобри капацитети за апсорпција.
Тие ќе се сметаат за едни од примарните хардверски производи во четвртата индустриска револуција. Освен тоа, провајдерите на BMS ќе се обидат да склучат долгорочни договори со девелоперите на софтвер со цел да се создадат влезни бариери. Улогата на компаниите за сајбер безбедност на полето на BMS ќе стане се побитна. Автоматизацијата ќе навлезе во секој дом благодарение на достапноста и пониските инвестиции, а тоа ќе доведе до појава на нови компании во раните фази од четвртатата индустриска ревлуција. Се предвидува дека многу нови компании на пазарот ќе донесат асиметрија на информации и разновидна понуда за консументите, па ќе стане битно рекламирањето, како и репутацијата на брендот, големината на компанијата и финансиските ресурси.
После тој период, можно е да следува период на консолидација на компаниите преку вертикална интеграција и вертикално запленување, со цел проширување на пазарната моќ. Можно е операторите на облакот да влезат во партнерство со BMS компании или да се направат аквизиции, со цел да се стекнат со знаење. Индустријата BMS веројатно се повеќе ќе наликува на индустријата за мрежи, каде што конкуренцијата е за пазарот, а не на пазарот. Техничките елементи на BMS системите повеќе нема да се сместени во зградите, туку онлајн преку платформа на облак, каде што ќе биде видлив секој елемент од системот. BMS компаниите ќе создаваат вредност преку платформи каде што добрите надворешни елементи на мрежите ќе ги дуплираат приходите од одржување на BMS како главен извор на приходи.
Заштедата на енергија и одржливиот развој исто така ќе ја подобрат финансиската ситуација благодарение на интернетот на нештата во BMS, каде што ќе се постигне висока енергетска ефикасност благодарение на брзата и лесна достапност на големи количини податоци за потрошувачката на енергија на зградите во облак. Дополнително, предиктивното решавање на проблемите и постојаната оптимизација ќе ги намалат трошоците и влијанието врз животната средина. Општо земено, BMS пазарот ќе стане подинамичен.
Интервјуто е превземено од магазинот Diplomacy&Commerce
БМС решенијата на Sauter се веќе имплементирани во Македонија преку КАБТЕЛ, во објектите на Филхармонија и Спортскиот Центар Јане Сандански, каде се дизајнирани и инсталирани Building Management System решенија, со централен систем за надзор, управување и автоматска регулација на системите за греење, ладење и која се врши преку софтверскиот пакет BMS, со помош на програмскиот пакет novaPro Open. Бенефитите од интегрирацијата на сите системи заедно се енергетски ефикасност, намалениот карбонски отпечаток, зголемување на удобноста во објектите, достапноста на информациите, комјутерски распоред на одржување на системите, ефективна употреба на персоналот за одржување, навремена детекција на дефектите во системите, интелигентно известување, безбедност и сигурност на објектите…
Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…
Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…
Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…
Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…
Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…
Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…