WiFi

EnGenius Fit за топ мрежи за SMB

EnGenius воведе нова палета на пристапни точки и прекинувачи наречени EnGenius Fit, наменети за мали бизниси

Лесен за распоредување и со достапна цена, EnGenius Fit им помога на малите  и средни бизниси да ги оптимизираат перформансите на нивните Wi-Fi мрежи.

EnGenius, мултинационална технолошка компанија за компјутерски мрежи, позната по обезбедување решенија за бизниси од сите големини, го објави лансирањето на новото Wifi решение наречено EnGenius Fit, дизајнирано специјално за мали бизниси.

Со ова решение, глобалниот производител на мрежна опрема им нуди на малите и средни бизниси производи од бизнис класа, достапни за сите големини и лесни за употреба. Со брзото распоредување и лесното управување базирано на облак, сопствениците на мали бизниси без ИТ персонал ќе имаат повеќе време да го водат својот бизнис, наместо да се фокусираат на решавање на мрежни проблеми. Сопствениците на мали бизниси работат напорно за да им обезбедат најдобра можна услуга на своите клиенти, паралелно со развивање на бизнисот. Тие не можат без квалитетна Wifi мрежа. Сепак, многу сопственици на бизниси често доживуваат мрежни прекини, бавни wifi брзини и нарушување на податоците, незнаејќи дека постои решение дизајнирано само за нивните потреби, согласно нивната големина.

Сега постои EnGenius Fit.

EnGenius Fit е уникатно решение во областа на Wifi мрежите. Тоа е најпаметното, најприфатливо решение за WiFi за малите бизниси досега. Едноставен, безбеден  достапен, овој нов опсег на пристапни точки и прекинувачи доаѓа со нови опции за управување без претплати, базирано на облак од EnGenius Fit, дизајнирано да го оптимизира распоредувањето и истовремено обезбедувајќи безбедност и квалитетна конекција за малите бизниси.

Секој може да го користи. Многу едноставно, обезбедува видливост, контрола и информации кои им овозможуваат на корисниците да донесуваат деловни одлуки со доверба. EnGenius Fit е едноставен и брз, бидејќи со сите елементи на вашата мрежа може да се управува без никаков проблем преку мобилна апликација или веб-интерфејс, без оглед на нивото на познавање на мрежата.

За малку поголемите компании со ИТ персонал, EnGenius нуди повеќе опции за управување: локален портал идеален за добивање длабинска аналитика на кој било уред или plug and play мрежен контролер со софтвер за управување со постоечката мрежа, кој овозможува дури и ИТ инженери од најниско ниво да постават архитектура за управување со мрежа on premise или cloud. Сопствениците на мали бизниси конечно ќе ги имаат сите потребни алатки за достапно, сигурно и безбедно управување со мрежата.

EnGenius Fit  се нуди без претплата.

Се очекува стоматолошките ординации, адвокатските канцеларии, туристичките агенции и сите другите мали бизниси да ги искористат предностите на ова решение.

Интерфејсот на компонентата за облак на EnGenius Fit е флексибилен, лесен за користење и обезбедува сеопфатни деловни можности. Сопствениците на бизниси можат да изберат која било комбинација од две или повеќе пристапни точки и еден прекинувач.

Секогаш кога сопствениците на мали бизниси инвестираат во надградба, очекуваат поголема ефикасност, поголема доверливост и зголемен приход од добро функционална мрежа. EnGenius Fit нема да Ве разочара.

За EnGenius

EnGenius е еден од водечките светски производители на иновативни безжични и гласовни комуникациски системи. Повеќе од 20 години, EnGenius ги обезбедува најдобрите гласовни и податочни решенија во својата класа, кои ја подобруваат мобилноста, ја подобруваат продуктивноста, а се достапни и едноставни за користење. КАБТЕЛ, како застапник за Македонија, е горд што може да ви ги понуди најдобрите мрежни решенија, персонализирани, со оптимална доверливост и опремени со многу функции, за успешен раст на вашиот бизнис.

Julija Damjanovska

Recent Posts

Зајакнување на тимот преку континуирана доедукација

Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…

1 day ago

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…

1 week ago

Sophos XDR: Нови AI функционалности и подобрувања на истрагите

Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…

2 weeks ago

SCADA автоматизација – искористување на целосниот потенцијал

Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…

1 month ago

Нови XGS Series Desktop Firewalls уреди & SFOS v21

Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…

1 month ago

Кабтел повторно THALES Key Industrial Partner

Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…

2 months ago