Тестирани се четири Wi-Fi 6 рутери на компаниите Extreme Networks, Cisco, EnGenius и Meraki за да открие дали овие пристапни точки ги исполнуваат ветувања на последните стандарди за безжичен Интернет и побрзо процесирање на податоци, по што ги оценивме истите.
Една од најпосакуваните карактеристики на рутерите за безжичен Интернет од шестата генерација е подобрената брзина на процесирање податоци во однос на претходниците од генерацијата 5 и сакавме да проверивме дали навистина овие рутери го исполнуваат тоа ветување.
Четири компании кои се присутни на пазарот за опрема за безжични мрежи – Extreme Networks, Cisco, EnGenius и Meraki (во сопственост на Cisco) – обезбедија пристапни точки за овој тест. Бидејќи тестираните пристапни точки ги поддржуваат и Wi-Fi 5 (802.11ac) и Wi-Fi 6 (802.11ax) стандардите, ги тестиравме со два различни клиенти кои поддржуваат Wi-Fi 5, како и со два различни клиенти кои го поддржуваат Wi-Fi 6 стандардот, при што ја бележевме просечната како и максималната количина на пренесени податоци во тестови со времетраење од една минута.
Од резултатите може да се види очигледно подобрување на перформансите при користење на Wi-Fi 6, но и генерацијата Wi-Fi 5 не смее да се занемари затоа што голем дел од клиентите кои функционираат на Wi-Fi 5 ќе се користат уште долго време и после надградбата на пристапни точки кои функционираат на Wi-Fi 6 стандардот.
Кога ќе погледнеме добиените резултати, со споредба на набљудуваните карактеристики на секоја од пристапните точки – Extreme Networks (Aerohive) AP-650, Cisco Catalyst C9115, EnGenius EWS377 и Meraki MR55 се добива целоснaта слика.
Ги пресметавме резултатите од тестовите и ги сместивме во табелата подолу.
Просечните резултати на пренесени податоци преку Wi-Fi 6 клиентите се за 44,85% повисоки од тие на Wi-Fi 5 клиентите, а максималната количина на пренесени податоци во просек е 47,44% повисока. Значи, пристапните точки Wi-Fi 6 навистина имаат значително подобри перформанси.
На тестовите EnGenius EWS377 имаше најдобри резултати и кај просечниот пренос на податоци и кај максималниот пренос на податоци кај двата Wi-Fi 6 клиенти, па јасно е дека тој е победник во таа категорија.
EnGenius е водечка глобална марка за производство на Senao Networks, Inc. со експертиза во доменот на безжични комуникации и радио (RF) технологии, со седиште во Тајван. Компанијата нуди портфолио на производи за безжични мрежи за домашна употреба, мали и средни комании како и ентерпрајс средини кои се разноврсни, со мноштво функиционалности, од бизнис класа, но со прифатлива цена. EnGenius бежичните мрежи обезбедуваат зголемување на продуктивноста и ефикасноста, флексибилност во имплементација на нови сервиси како и подобрено корисничко искуство.
EnGenius постојано ги развива функционалностите за да овозможи поддршка на нови деловни апликации, ги имплементира најновите WiFi технологии и стандарди, и ги следи побарувањата на компаниите како и резиденцијалните корисници.
Решенијата на брендот EnGenius се достапни во КАБТЕЛ, сертифициран партнер на EnGenius за Македонија.
Agentic SOC на Sophos го намали времето на одговор на закани на 89 секунди Sophos…
Континуитет на работењето на компаниите и заштита од рансомвер Големите организации или компании имаат голема…
Log Collector – Централизирана контрола и безбедност за модерната ИТ инфраструктура Во денешното дигитално опкружување,…
BaaS vs. Традиционален Backup – која е вистинската стратегија за заштита на податоци? Во современото…
AI алатките ја менуваат кибер безбедноста: Повеќе од две третини од лозинките можат да бидат…
КАБТЕЛ стана Silver Partner на NAKIVO Backup & Replication КАБТЕЛ со гордост објавува дека официјално…