HiQ дом е паметен систем за домашна автоматизација чии што предности се управување на домот, безбедност, удобност и можност за пристап до новите услуги кои ги овозможува најновата технологија. Со HiQ домот, уредите на системот се контролираат и управуваат. Со користење на машинско учење и вештачка интелигенција, најчесто се управуваат светлата, греењето или ладењето, ролетните, пристапот до домот, алармите. HiQ системот управува и со електричните апарати во домот, со што овозможува комплетна енергетска ефикасност.
Елементи на HiQ домот се хардверски компоненти, кои имаат функција на откривање и извршување на програмирани команди од една страна, и софтверски компоненти, кои овозможува собирање на информации од уредите, програмирање и управување со уредите преку паметен телефон. Кога не сте во вашиот дом овој систем овозможува да се поврзете на cloud платформата, која со свoите функционалности овозможува и дополнителни услуги и оптимизација .
Мора ли да бидат опфатени сите уреди во домот и дали системот може да се надгради?
Во основа, сите уреди во куќата може да бидат покриени, но важно е да се опфати она што е навистина вредно за управување. Секако дека HiQ системот може да се надгради со дополнителни компоненти, a и постојано се усовршуваат програмите за контрола и управување.
Кај новите објекти најдобро да се имплементира и планира од старт, односно при проектирање на становите, куќите, зградите, со цел да се подготват потребните инсталации. Но, во случај тоа да не е направено, сите клучни модули на HiQ решението се од најдобрата и најсовремена Enoceаn технологија, која овозможува нивна безжична комуникација.
Инвестирањето во HiQ Smart Home исто така може да се нарече инвестицирање во иднината, затоа што опремата која се инсталира денес, останува во вашиот дом минимум 20 години, а покрај постоечките функционалности, овозможува и константен пристап до услугите преку облак. Тешко е попрецизно да се дефинираат датумите на поврат на инвестицијата, бидејќи тоа зависи од начинот на употреба на системот и потрошувачката на енергија, карактеристичен за секој поединечен објект. Имајќи ја предвид безбедноста и пред сè енергетската оптимизација, овој рок може да биде многу краток, на пример, една до две години.
Во современиот начин на живот, во кој страдаме од недостаток на време, автоматизацијата овозможува лесно управување со домовите и кога сте дома и кога сте на бизнис патување, годишен одмор или едноставно сакате да се препуштите на конфорот на далечинско управување од секаде каде што имате пристап до интернет. Како и во сите системи во ИТ сегментот, секако е препорачливо да се има заштита од различни хакерски напади врз системот.
HiQ решенијата се секако еколошки решенија, бидејќи инсталираните HiQ HEMS конфигуратори (Домашни системи за менаџмент на енергијата) ја оптимизираат и со тоа ја намалуваат потрошувачката на енергија и автоматски им даваат предност на користењето на алтернативните извори на електрична енергија доколку постојат и помагаат во намалување на производството на стакленички гасови.
HiQ решенија не само што можат да се имплементираат во сите видови на објекти (станови, куќи, хотели, канцеларии…) туку и во сите сегменти нудат супериорно искуство на корисниците.
Секако има многу различни и поевтини решенија, чиј рок на употреба е обично 2-3 години. Ако платите нешто 40-50 евра и трае две години и го споредите со нешто од 70 евра, што трае минимум 20 години, математиката е јасна.
Нашите искуства на светскиот пазар се многу позитивни, бидејќи трендот на имплементирање на паметни решенија за автоматизација на објектите и енергетската ефикасност е експоненцијално растечки, што значи дека се повеќе и повеќе луѓе, особено од помладата генерација сакаат да живеат во станови кои со примена на новите технологии од една страна ја зголемуваат удобноста на модерниот живот, а од друга страна нудат заштеда на енергија и помагаат да се зачува природата.
Решенијата на Роботина се достапни во Кабтел.
Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…
Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…
Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…
Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…
Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…
Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…