Categories: news&blog

Иднината на брзиот непречен Wi-Fi е тука!

Достапна е првата EnGenius Wi-Fi 6E пристапна точка за малите и средните бизниси

EnGenius Technologies Inc., светски производител на футуристички мрежни решенија за компании, објави дека нивната прва Wi-Fi 6E пристапна точка за мали и средни бизниси, веќе може да се нарача, и покрај постојаните проблеми со синџирот на набавка со кои се соочуваат индустриите во целиот свет.

Со процесор на Qualcomm, Cloud ECW336 Wi-Fi 6E пристапната точка со три бранови должини, која се поставува на таван, е развиена со цел да се користи во неодамна пуштениот во употреба 6 GHz спектар. ECW336 AP е првиот производ на компанијата со кој стапнува на 6E територијата.

Предвидувања за иднината

Експертите предвидуваат дека до 500 милиони уреди компатибилни со Wi-Fi 6E ќе се најдат на пазарот во наредните две години и ќе се создаде масивен недопрен пазар за Wi-Fi. Додека 2.4 и 5 GHz брановите должини нудат вкупен спектар од 560 MHz и 27 канали, 6 GHz нуди  59 канали.

Со опцијата на позврување на 6E, пристапната точка ECW336 AP лесно ќе ги поддржува растечките потреби за бранови должини во густо населени средини, како што се корпоративни работни средини, мултифамилијарни домови, старечки домови, студентски домови, малопродажни центри, медицински центри и ресорти.

Бизнис професионалците и корисниците со искуство бараат поголема брзина на конектирање со мало заостанување, без кочење и без бавно симнување на податоци, што беше случај со презаситените бранови должини од 2.4 и 5GHz. Иднината на брзиот како светлина, непречен Wi-Fi конечно е тука.

Топ опции на пристапната точка ECW336:
  • работи на бранова должина од 6 GHz, што значи непрекинат сигнал и го отвора патот за нови иновации;
  • може да пристапи до 14 дополнителни канали на 80 MHz или 7 супер широки канали на 160 MHz за да се спречи гужва на информации и да се достигне гигабитен Wi-Fi;
  • вклучува моќен Qualcomm процесор за експоненцијално да се подобрат перформансите;
  • содржи три радиобранови должини (2.4 GHz, 5 GHz и сега 6 GHz) за да поддржи илјадници постоечки и нови уреди;
  • има високоефикасна Wi-Fi 6 технологија за справување со масивен број на конекции и за овозможување подобра комуникација;
  • доаѓа со 5 Gbps Ethernet порта за полесно да поддржува гигабитни безжични брзини и поголем број на корисници;
  • вклучува нови алатки за дијагностика и конектирање, како и податоци за искористеност на каналите во реално време, за подобри перформанси на Wi-Fi.

Високата ефикасност на безжичната технологија Wi-Fi 6 е се позабележителна кај денешните уреди, но вистинската моќ на тие опции сега ќе биде ослободена со масивниот, неискористен спектар на 6 GHz. Сега корисниците ќе видат што навистина значи гигабитна безжична брзина.

Сега е време да се извлече бенефит од оваа револуционерна технологија. Новите пристапни точки ECW336 Wi-Fi 6E, како и останатите wifi решенија на EnGenius ќе може да ги најдете во КАБТЕЛ, Партнер на EnGenius за Македонија.
За EnGenius

EnGenius Technologies е водечки глобален производител на безжични и гласовни комуникации. За повеќе од 20 години постоење EnGenius има произведено врвни гласовни и податочни решенија кои овозможуваат поголема модуларност, продуктивност и едноставност. ЕnGenius гордо може да каже дека ви ги обезбедува најдобрите, најстабилните персонализирани мрежни решенија со најмногу опции, кои ќе му донесат уште поголем успех на вашиот бизнис.

leveski

Recent Posts

Зајакнување на тимот преку континуирана доедукација

Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…

1 week ago

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…

2 weeks ago

Sophos XDR: Нови AI функционалности и подобрувања на истрагите

Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…

3 weeks ago

SCADA автоматизација – искористување на целосниот потенцијал

Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…

1 month ago

Нови XGS Series Desktop Firewalls уреди & SFOS v21

Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…

1 month ago

Кабтел повторно THALES Key Industrial Partner

Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…

2 months ago