Cyber security

Заштита на приватноста со новиот McAfee+

Целосно новите функции вклучуваат враќање на идентитетот, помош за изгубен паричник и поддршка за Chrome OS.

McAfee Corp., глобален лидер во онлајн заштита, го објави лансирањето на McAfee+ нова производна линија која ги опфаќа сите нови заштити на приватноста и идентитетот што им овозможува на корисниците самоуверено и безбедно да живеат онлајн. Новиот пакет производи McAfee+ им овозможува на корисниците пристап до враќање на идентитетот, како и можност да ги обезбедат сите нивни уреди со  наградувана заштита од закани и вируси.

Заштита за Chromebook

Како дел од најавата за новата линија производи, McAfee воведе заштита за Chromebook – што го прави прв водечки снабдувач на безбедност што целосно го поддржува Chrome OS. Корисниците на Chrome OS сега можат да инсталираат и да пристапуваат до можностите на McAfee на нивните Chromebook, вклучувајќи антивирус, VPN, безбедно прелистување и следење на идентитетот. Со речиси 30 милиони уреди Chromebook кои се очекува да бидат испорачани на глобално ниво до крајот на 20221 година, ова лансирање ја проширува онлајн заштитата на милиони нови и постоечки корисници на Chromebook, вклучително и 50 милиони едукатори и деца на училишна возраст.

Што вели истражувањето на потрошувачите на McAfee за 2022 година?

Повеќе од 80% од потрошувачите се загрижени дека нивниот идентитет е украден од онлајн трансакциите, 79% се загрижени дека нивните финансиски информации се компромитирани и 76% се загрижени дека нивните информации завршуваат на дарк веб. Создаден за да одговори на зголемените грижи за приватност на потрошувачите и кражбите на идентитет и да обезбеди сеопфатна поддршка и мир на умот, McAfee+ е достапен секому.

McAfee+ беше наменски направен за да обезбеди онлајн заштита, што вклучува проактивно следење на темната мрежа за лични информации и интеграција на познатите антивирусни производи на McAfee и Secure VPN.

„Како што интернетот стана сè поголем состсвен дел од секојдневниот живот, расте загриженоста за количината на лични податоци кои се достапни за злоупотреба и недостатокот на разбирање за тоа како да се обезбедат личните информации“, рече Gagan Singh, извршен потпретседател и Главен директор за производи во McAfee. „McAfee+ е дизајниран да дава резултати против тие трендови и закани, помагајќи им на корисниците да бидат позаштитени од злоупотреба на идентитетот, но и поддржувајќи ги корисниците со професионална помош доколку нивниот идентитет е украден“.

„McAfee се занимава со заштита на луѓето, а не само на уредите“, рече Greg Johnson, претседател и главен извршен директор, McAfee. „McAfee+ го одразува тој дух нудејќи едноставен начин да се заштитите себеси, вашите најблиски и вашите податоци. Горди сме што го воведуваме во нашата производна линија, за повеќе луѓе да можат самоуверено да го искусат животот на интернет“.

Опции и карактеристики на McAfee+

Постојат две опции на McAfee+ достапни во новиот пакет производи: Premium и Advanced, секој со индивидуални и семејни опции.

McAfee+ Advanced вклучува:
  • Неограничен безбеден VPN, кој автоматски се поврзува со јавен Wi-Fi за да ја заштити приватноста на интернет и да ги заштитува личните податоци при онлајн банкарство, купување или прелистување.
  • Лиценцирани експерти за реставрација се достапни 24/7 за да дадат насоки за неопходните активности за решавање напотенцијалните проблеми со идентитетот и кредитот
  • Поддршка за изгубен паричник со лични карти, откажување и замена на кредитна и дебитна картичка доколку клиентот ја изгуби чантата или паричникот
  • Следење на идентитет до 60 уникатни лични информации на дарк веб, со навремени предупредувања до 10 месеци порано од слични услуги
  • Управникот со лозинки ги обезбедува сметките со генерирање и складирање сложени лозинки и информации за автоматско пополнување, за побрзо најавување на уредите
  • Оценката за заштита е ексклузивна карактеристика на McAfee, обезбедувајќи холистички поглед на безбедносната сила преку рејтинг на моменталното ниво на заштита на клиентот и насоки за подобрување
  • Неограничена* Безбедност на уредот за заштита на сите лични уреди на клиентот и информациите за нив од најновите закани со наградуваниот антивирус за оперативни системи, вклучувајќи Windows, Chrome OS, Mac, Android и iOS
  • Поддршката за оперативниот систем Chrome им овозможува на корисниците да инсталираат и пристапуваат до можностите на McAfee на нивните уреди Chromebook, како што се антивирус, VPN, заштита од кражба на идентитет и друго. McAfee е првиот водечки креатор на безбедноссни решенија кој целосно го поддржува Chrome OS
  • Родителските контроли, вклучени во семејните планови на McAfee+, им помагаат на родителите да ги заштитат своите деца од несоодветното однесување на интернет, заштита од несакани апликации и содржини, управување со времето поминато на екранот, предупредувања засновани на локација, односна целосна заштита и градење на  добри навики на децата во дигиталниот свет.
Дополнителни карактеристики:
  • Наградуван антивирус за заштита на сите лични уреди на клиентот и информациите на нив од најновите закани.
  • Web Protection за слободно и безбедно прелистување избегнувајќи ризични преземања и веб-локации
  • Firewall, кој ги заштитува уредите со блокирање на малициозен сообраќај кој има намера да добие пристап до домашна мрежа
  • File Shredder за корисници на компјутери, кој спречува чувствителните датотеки да влезат во погрешни раце со целосно бришење
  • Експерти за безбедност и онлајн поддршка, со Virus Protection Pledge
McAfee+ Premium вклучува:
  • Неограничен безбеден VPN
  • Следење на идентитетот
  • Управувач со лозинки
  • Веб заштита
  • Неограничена* безбедност на уредот вклучувајќи Windows, Chrome OS, Mac, Android и iOS
  • Наградуван антивирус
  • Заштитен ѕид
  • Уништувач на датотеки
  • Родителските контроли, вклучени во McAfee+ Premium Family
  • Оценка за заштита
  • Експерти за безбедност и онлајн поддршка со Virus Protection Pledge
За McAfee

McAfee Corp. е глобален лидер во онлајн заштита на потрошувачите. Фокусирани на заштита на луѓето, не само на уредите, потрошувачките решенија на McAfee се прилагодуваат на потребите на корисниците во секогаш онлајн свет, давајќи им можност да живеат безбедно преку интегрирани, интуитивни решенија кои ги штитат нивните семејства и заедници со вистинска безбедност во вистинскиот момент. За повеќе информации, посетете ја https://www.mcafee.com.

*Овој план опфаќа само уреди за домаќинство за лична, некомерцијална употреба и е предмет на политиката за фер употреба.

Решенијата ќе бидат достапни во КАБТЕЛ.

leveski

Recent Posts

Зајакнување на тимот преку континуирана доедукација

Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…

18 hours ago

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…

1 week ago

Sophos XDR: Нови AI функционалности и подобрувања на истрагите

Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…

2 weeks ago

SCADA автоматизација – искористување на целосниот потенцијал

Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…

1 month ago

Нови XGS Series Desktop Firewalls уреди & SFOS v21

Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…

1 month ago

Кабтел повторно THALES Key Industrial Partner

Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…

1 month ago