Sophos именуван за визионер на 2020 Gartner Magic Quadrant за Firewall

Постојано чекор напред пред развојот на заканите

Gartner го именуваше Sophos за еден од двајцата визионери од вкупно 18 продавачи кои беа вклучени во 2020 Magic Quadrant for Network Firewalls, потег со кој веруваме се оддава почит на нашата посветеност на иновирањето и лидерството на пазарот.

Дефинирачка силна страна на Sophos XG Firewall е Synchronized Security, нашата интеграција во XDR стил која овозможува нашите решенија за крајни корисници, за firewall и другите безбедносни решенија од идните генераци и да споделуваат информации и да ги автоматизираат детекцијата и одговорот, на начини кои други изолирани решенија не можат. Корисниците велат дека без Synchronized Security за да постигнат исто ниво на безбедност, би било потребно да го дуплираат бројот на работници кои работат на безбедноста. Исто така, информираат дека имаат помалку инциденти со безбедноста, но и побрзо можат да ги идентификуваат проблемите и да одговорат на нив.

Extended Detection and Response (XDR) опциите кои ја намалуваат сложеноста на безбедносната конфигурација, детекцијата на закани и одговорот на истите, се една од основните  на одговорните лица за безбедност и менаџирање со ризици, затоа што има истите менаџираат алатки за безбедност од различни компании, со мала интеграција на податоци и недостиг на организиран одговор.

„Примарната вредност на XDR производите е подобрување на продуктивноста на безбедносните решенија и подобрување на способностите за детекција и одговор, со вклучување на повеќе безбедносни компоненти во унифицирана целина, составена од повеќе видови телеметрија, презентирање повеќе опции за разни форми на детекција и овозможување на повеќе методи на одговор“ – Gartner, „Innovation Insight for Extended Detection and Response” (2020)

Веруваме дека признанието на Gartner е доказ за нашата иновација во ХDR и јасното разбирање што им е потребно на одговорните лица за безбедност за поголема видливост, полесно менаџирање и подобра детекција на закани и одговор низ целиот екосистем.

Нашите напредни противници постојано се менуваат и ги ескалираат нивните тактики, техники и процедури за да ги заобиколат бебзедносните контроли, да ја одложат или целосно да ја избегнат детекцијата, како и да извршат успешни напади. Во 2020 година особено се развија нови напаѓачи со нови видови на ransomware, како што се на пример Maze, WastedLocker и другите модерни напади на ransomware.

Држењето чекор со софистицираните напаѓачи бара постојано иновирање.

Претходно годинава ја претставивме архитектурата Xstream за огнениот ѕид Sophos XG Firewall и со тоа создадовме основа за нови и напредни опции, како што се:

инспекција на TLS 1.3 за детектирање на заглавен злонамерен софтвер: новиот портагностичен TLS моторс ги дуплира криптооперативните перформанси во споредба со претходните XG верзии

–  оптимизирани перформанси за критична примена: новата FastPath политика го контролира забрзувањето – до максимална брзина – на перформансите на SD-WAN апликациите и сообраќајот, вклучувајќи и Voice over IP, SaaS и др.

анализа на заканите со SophosLabs разузнавање: заштита од непознати закани и од новите варијанти со повеќе врвни модели за машинско учење и уникатни инсајдерски информации за сомнителни документи кои влегуваат во вашата мрежа.

адаптивно скенирање на сообраќајот: новиот Deep Packet Inspection (DPI) динамично го проценува протокот на сообраќај за потенцијални ризици и ги координира со соодветно ниво на скенирање на заканите, што резултира со 33% поголем успех во мрежните средини.

сеопфатно менаџирање во облак и известување до Sophos Central: централизираното менаџирање и известувањата од страна на Sophos Central на корисниците им обезбедуваат групно менаџирање со firewall – oт и флексибилни cloud известувања, без дополнителни трошоци.

Посетете ја нашата страница https://kabtel.mk/partners/sophos/ за повеќе информации за XG Firewall и архитектурата Xstream, за имплементација на решенијата на Sophos, но и за да го искористите попустот до 100% за хардвер од серијата XG Firewall за нарачки до 31.12.2020.

Julija Damjanovska

Recent Posts

SE LAbs – Trellix e најдобра e-mail безбедност

Trellix е признат како најдобра безбедност на е-пошта во индустријата SE Labs го именува Trellix…

1 week ago

Топ 3 закани за твојот бизнис!

Во денешниот брз дигитален пејзаж, кибербезбедноста стана критична грижа за бизнисите од сите големини. Малите…

4 weeks ago

Помалите компании сѐ понапаѓани од малвер

Помалите компании се сѐ понапаѓани од малвер од кога и да било,  многу компании не…

1 month ago

Забележително зголемување на дигиталното насилство

Забележливо зголемување на дигиталното насилство Најновиот State of Stalkerware 2023, открива дека околу 31.000 мобилни…

2 months ago

EnGenius EOC – нова серија широкопојасни Wi-Fi уреди

Серијата EOC на EnGenius го трансформира поврзувањето во паметните градови и индустриските средини со напредни…

2 months ago

И Телекомите ги демнат на темната мрежа

И Телекомите ги демнат на темната мрежа Во текот на изминатите три години, една петтина…

2 months ago