news&blog

Sophos-компанија на годината според Cyber ​​Defense

Sophos-компанија на годината според Cyber ​​Defense

Sophos, глобален лидер во следната генерација на сајбер-безбедност, е прогласена за компанија на годината во областа на кибер-безбедност од страна на магазинот Cyber ​​Defense. Тој е добитник на Editor’s Choice Global InfoSec наградата, која им оддава почит на светските иноватори во индустријата за нивните уникатни и неприкосновени решенија и услуги.

„Сајбер-криминалците постојано ги менуваат своите тактики, техники и процедури за да избегнат откривање на своите злонамерни активности, а форензичките докази на Sophos покажуваат зголемување од 36% на времето на престој на напаѓачите во 2021 година. Фактот дека напаѓачите се задржуваат во околините на жртвите со недели – и многу подолго за помалите организации – треба да служат како повик за будење за бизнисите ширум светот“, рече Raja Patel, виш потпретседател за производи во Sophos. „Sophos им помага на организациите да ги откријат натрапниците и да ги неутрализираат заканите низ целиот синџир на напади пред да предизвикаат штета, а Sophos е почестен да ја прифати оваа награда“.

Сеопфатното и интегрирано портфолио на решенија и управувани услуги на Sophos штити од ransomware и други напредни сајбер-закани. Целата палета на решенија Sophos Intercept X, Sophos XDR, Sophos Firewall, Sophos ZTNA и Sophos Cloud Security – лесно се управуваат во cloud платформата Sophos Central. Клиентите, исто така, можат да изберат да управуваат со нив од Sophos MTR, услуга за лов на закани, откривање, истражување и одговор, со обезбеден посветен безбедносен тим 24/7 за брзо идентификување и неутрализирање на софистицирани и сложени закани.

Понудите се дел од Sophos Adaptive Cybersecurity Ecosystem

Во cybersecurity екосистемот се споделуваат разузнавачки информации за закани во реално време за побрзо и поконтекстуално и синхронизирано откривање, заштита и одговор. Работејќи заедно, решенијата можат подобро да ги идентификуваат и брзо да одговорат на активните закани.

„Sophos ги опфаќа трите главни карактеристики што ги бараме ние, судиите: разбирање на утрешните закани, денес; обезбедување на ефективни решенија;  иновации на неочекувани начини кои можат да помогнат во ублажувањето на сајбер ризикот, со цел да бидеме чекор понапред од следните напади“, рече Gary Miliefsky, издавач на Cyber ​​Defense Magazine.

Магазинот Cyber ​​Defense ги објави победниците на RSA Conference 2022. Целосната листа на победници е достапна на http://www.cyberdefenseawards.com/.

leveski

Recent Posts

Зајакнување на тимот преку континуирана доедукација

Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…

11 hours ago

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…

1 week ago

Sophos XDR: Нови AI функционалности и подобрувања на истрагите

Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…

2 weeks ago

SCADA автоматизација – искористување на целосниот потенцијал

Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…

1 month ago

Нови XGS Series Desktop Firewalls уреди & SFOS v21

Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…

1 month ago

Кабтел повторно THALES Key Industrial Partner

Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…

1 month ago