Префрлањето на системот за сајбер безбедност на Sophos им овозможува на организациите да ги намалат непланираните трошоци и да ја намалат вкупната цена за поседување на таквиот систем (Total Cost of Ownership – TCO). Оваа студија на случај истражува како корисник во Јужна Америка ја зголемил ефикасноста и ја подобрил заштитата со префрлање на Sophos решението.
Корисникот е водечки провајдер на напредни софтверски услуги, вклучувајќи развој на мрежи, на апликации, тестирање на софтвер, DevOps, дигитален маркетинг и бизнис интелигенција. Со главна канцеларија во Костарика, нивните вкупно 920 вработени се раштркани низ Латинска Америка, главно во Боливија, Колумбија, Костарика и Перу. Во нивниот ИТ тим петмина луѓе се одговорни за сајбер безбедноста.
Корисникот смета дека добрата сајбер безбедност е основата на нивниот успех. Како што вели нивниот технолошки директор:
„Кој би сакал да работи со некоја компанија која била мета на сајбер напад или кражба на податоци? Бидејќи е многу тешко целосно да се eлиминира можноста за некаков проблем со безбедноста, битно е на нашите клиенти да им гарантираме дека ги преземаме сите мерки за да ги спречиме нападите, како и дури и да се случи нешто такво, ефектите ќе бидат мининални“.
Како и многу други организации, компанијата се соочува со предизвици со ресурсите за сајбер безбедност: членовите на ИТ тимот имаат повеќе одговорности и ниту еден не е 100% посветен на сајбер безбедноста.
Друг предизвик е буџетот и оправдувањето на инвестициите во сајбер безбедноста. Имено, бенефитите не се многу видливи како во други области во компанијата. Со оглед на тоа дека се зачестуваат сајбер нападите, компанијата знае дека користењето на алатки за безбедност, со кои се автоматизираат најголем дел од процесите се суштински за нивниот успех и генерално ќе ја трансформира компанијата.
Корисникот поминал низ еволуцијата на сајбер безбедноста. Најпрвин користеле традиционален firewall, па се префрлиле на едноставни уреди од наредна генерација, а потоа преминале на целосен напреден систем за сајбер безбедност на Ѕophos. Тие сега користат Sophos XG Firewall на влезот, Sophos Intercept X заштита за крајни корисници, Sophos Email, Sophos Device Encryption, Sophos Wireless Access Points и Sophos Phish Threat за едукација на корисниците. Производите Sophos имаат заштита во реално време, информации за здравјето и безбедноста и работат заедно за автоматски да реагираат на инцидентите. Целосната заштита се менаџира преку платформата Sophos Central во облак.
Пред Sophos немало комуникација меѓу огнениот ѕид и заштитата на крајните корисници. Како што вели нивниот технолошки директор:
„Имаме многу голема корист од координираната работа на производите на Sophos. Секако тоа се должи на нивната способност автоматски да ги изолираат заразените компјутери ако се детектира некаква инвазија. Можноста сите производи на Sophos да се менаџираат преку една централна платформа исто така е многу битна за нас. Има и опцијата за понатамошна интеграција. Имањето алатки за автоматска детекција и корекција на повеќето настани од безбедноста, му овозможува на нашиот ИТ тим да менаџира со безбедноста на компанијата и да се превенира компромитирање“.
Префрлањето на алатки на Sophos за сајбер безбедност од идната генерација го скратува времето кое ИТ тимот го троши на администрирање со безбедноста за 50%. Пред Sophos тие трошеле над 20 часа неделно. Сега, благодарение на способноста на системот на Sophos автоматски да реагира на настани, администрирањето со безбедноста одзема помалку од 10 часа неделно
Наместо сами да се справуваат со сите закани, сега членовите на ИТ тимот сега само ги прегледуваат предупредувањата кои ги даваат алатките на Sophos и ги анализираат преземените мерки. Тимот исто така ја пофалува способноста за менаџирање со сите сајбер закани на едно место благодарение на централизираното менаџирање, преку Sophos платформата во облак.
Додека компанијата се соочува со безбедносни инциденти секојдневно, како добивање на малициозни имејлови, како и редовни обиди да се пробие нивниот вебсајт, сите тие се контролираат. Всушност, нивниот технички директор вели дека најголемиот ефект од префрлањето на системот за сајбер безбедност на Sophos е брзината со која сега се справуваат со заканите, со што се намалува нивната изложеност на напади.
Благодарение на интеграцијата на Sophos Firewall и решението Sophos Endpoint Protection, повеќето од настаните се решаваат за неколку секунди, а компромитираните уреди автоматски се изолираат. Префрлањето на системот на Sophos исто така му овозможуваат на тимот за прв пат да добие увид во сите закани по безбедноста, а со тоа се зголемува нивната способност да ја заштитат одганизацијата од напаѓачите.
ИТ тимот е многу свесен за улогата на сајбер безбедноста во градењето доверба со корисниците и дека добрата кибер заштита е она што ги прави различни бизнисите. Како резултат на префрлањето на Sophos решенијата, нивните клиенти сега имаат поголема доверба во нивната сајбер безбедност, но и се олеснуваат бизнис-односите.
Погледнете го ова демо видео за да се уверите колку е лесно секојдневното менаџирање на безбедноста со системот на Sophos. За самите да го испробате системот најлесно е да почнете со бесплатна пробна верзија на еден од нашите производи. За се останато, како и за да дискутирате за сопствените предизвици ви стои на располагање тимот на КАБТЕЛ. Искористете го и попустот до 100% на хардвер до 31.12.2020.
Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…
Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…
Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…
4 Т: Едноставен начин за управување со сајбер ризиците Сајбер-криминалците ги унапредуваат своите методи секој…
Покрај опипливите физички закани, Олимпијадата во Париз се соочи и со виртуелни. Веќе пишувавме за…
Дали сме прислушувани на паметни телефони? Во минатиот век важеше правило дека најмногу нè знаат…