Categories: SolutionsWiFi

EnGenius претстави две нови надворешни пристапни точки 11ax (Wi-Fi 6) со висок капацитет!

EnGenius ги најави своите надворешни пристапни точки со висок капацитет Wi-Fi 6 (802.11ax), достапни за целиот свет почнувајќи од октомври годинава. Новите пристапни точки, кои се отпорни на сите надворшени влијанија, ја користат најновата Wi-Fi 6 технологија, која е потребна за поддршка на сè поголемите барања за широкопојасност во надворешни средини со голема посетеност, како што се стадионите, аеродромите, паметните градови и парковите. Платформата Qualcomm® Networking Pro 400 ги напојува надворешните пристапни точки ECW260 и EWS850AP 11ax (Wi-Fi 6).

Поддржани од повеќе децениската експертиза на EnGenius за надворешни безжични мрежи, новите ECW260 и EWS850AP овозможуваат надворешна употреба со врвни функционалности на Wi-Fi 6. Поставени во кутија отпорна на прашина и вода, пристапните точки се целосно способни да издржат лоши временски услови како што е предолго изложување на сончева светлина, екстремен студ, мраз, снег, пороен дожд и голема влага. Имаат четири антени 5 dBi 360° модул RP-SMA, кои го оптимизираат безжичниот сигнал, примањето и ширината на сигналот до конектирани уреди преку филтрирање на просторот.

Клучните бенефити за ЕnGenius Cloud менаџираните надворешни пристапни точки ECW260 AP се лесното менаџирање во облак, но и безбедноста. Решението EnGenius Cloud може да менаџира со неограничен број на пристапни точки од било каде. Уредите може брзо да се скенираат, да се регистрираат, да се конфигурираат и да се врши мониторинг од далечина, како и да се решаваат проблеми. Преку контролната табла на EnGenius Cloud лесно се проверува стабилноста на мрежата, статусот на менаџираните уреди и вкупните перформанси на мрежата, но и се добиваат детални информации за апликациите и оперативните системи на клиентите.

Секоја пристапна точка ECW260 AP користи безбеден SSLтунел за да комуницира со EnGenius Cloud, користејќи непоследователни сериски броеви и верификација со MAC адреса за да се осигура дека само авторизирани уреди во облак се конектирани на точките. Исто така, ги користи најновите и најнапредни решенија за безжична безбедност WPA3 и WPA3 Enterprise за да се добие уште посилна енкрипција. EnGenius Cloud нуди MAC филтер, предупредувања за настани и push нотификации за да се одвратат и да се спречат напади на мрежата и оневозможат други закани по безбедноста.

EWS850AP e EnGenius EnSky менаџирана надворешна пристапна точка, која може да се менаџира како посебна пристапна точка или со ezMaster софтверот за менаџирање со мрежи. ЕzMaster controller софтверот е бесплатен и може да се користи на Virtual Machine со капацитет за менаџирање на 5.000 уреди и исто како Amazon Machine Image со капацитет за менаџирање до 10.000 уреди!

Главните бенефити на двете пристапни точки се следните:

  • Отпорност на временски услови: Поддржани од повеќедецениската експертиза на EnGenius за надворежни безжични мрежи, редизајнираниот хардвер на новите ECW260 и EWS850AP има IP67 стандард, што значи дека е отпорен на прашина и вода и може да издржи сурови надворешни временски услови.
  • Супериорна конективност: Со до два стримови на ширина од 5 GHz и 2.4 GHz двете пристапни точки се опремени со технологија MU-MIMO и OFDMA за симултано менаџирање и пренос на податоци меѓу пристапните точки и клиентските уреди.
  • Моќно процесирање: динамично процесирање на податоци и менаџирање за поголем пренос на податоци за до 25% со 1024QAM и проширување на можностите за конектирање.
  • Напредно менаџирање со податоци: Полесен пренос низ надворешни средини со многу подобро менаџирање на податоците и поголема безжична покриеност, преку подолги OFDM сигнали и намалено попречување на каналите преку BSS, помала латенција и подобрени сигнали на пренос.
  • Безбедност: Опремени со WPA3, пристапните точки поддржуваат поголема енркипција на чувствителните податоци за стотици симултано конектирани уреди.
  • Моќна покривност: 2.5 GigE PoE компатибилна порта за полесно поставување каде што нема доволно приклучоци за струја. Исто така имаат и четири антени од 360° кои може да се отстранат, а служат за зајакнување на сигналот и им овозможуваат на корисниците да ги заменат за поголеми, подобри антени. Кога се врши поделба на просторот пристапните точки користат моќни предаватели за да го продолжат растојанието меѓу нив и другите пристапни точки.
  • Неспоредлива цена: пристапните точки како сите EnGenius Cloud и EnGenius EnSky и приклучоците не се лиценцираат и не побаруваат годишна претплата за користење, па затоа се најисплатливи за имплементација.

ECW260 и EWS850AP нудат оптимални перформанси преку помоќни и поефикасни безжични конекции. И двете пристапни точки се достапни за целиот свет почнувајќи од октомври 2020 година.

За повеќе информации посетете ги страниците:

ECW260: https://www.engeniusnetworks.eu/products/wireless/indoor-access-points/ecw260/
EWS850AP: https://www.engeniusnetworks.eu/products/wireless/outdoor-access-points/ews850ap/


За EnGenius 

EnGenius е интернационален производител на иновативни мрежни решенија и е листиран на Тајванската берза. Компанијата е основана во 2006 година и е подружница која е во целосна сопственост на Senao Networks Inc. Денес има повеќе подружници на речиси секој континент. EnGenius нуди хардверски и софтверски производи како пристапни точки и мрежни рутери, Етернет приклучоци, надворешни и внатрешни пристапни точки. Б2Б решенијата се користат во целиот свет во разни стоковни куќи, кафулиња, аеродроми, хотели, болници, сали за евенти, ресорти, музеи и секакви други локации.

Решенијата на брендот  EnGenius  се достапни во КАБТЕЛ,  www.kabtel.mk, 02 / 3103 230, дистрибутер  на EnGenius за Македонија.

Julija Damjanovska

Recent Posts

Зајакнување на тимот преку континуирана доедукација

Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…

1 week ago

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…

2 weeks ago

Sophos XDR: Нови AI функционалности и подобрувања на истрагите

Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…

3 weeks ago

SCADA автоматизација – искористување на целосниот потенцијал

Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…

1 month ago

Нови XGS Series Desktop Firewalls уреди & SFOS v21

Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…

2 months ago

Кабтел повторно THALES Key Industrial Partner

Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…

2 months ago