WiFi

EnGenius претстави платформа за менаџирање со мрежи

EnGenius претстави платформа за менаџирање со мрежи за големи бизниси

EnGenius Technologies Inc., светски производител на модерни мрежни решенија за претпријатија, го најави својот нов производ – платформата за менаџирање со мрежи EnGenius Cloud PRO. EnGenius им овозможува на крајните корисници една година бесплатно да го тестираат производот со напредни и досега невидени опции, кој е создаден да менаџира со масивни и захтевни средини со голема густина на податоци.

Лиценца за ЕnGenius Cloud Pro

Основната верзија на EnGenius Cloud е бесплатна и секогаш ќе биде бесплатна. ИТ експертите и провајдерите на услуги, кои веќе им нудат менаџирање во облак на своите клиенти можат и понатаму тоа да го прават бесплатно. Но, сега EnGenius PRO верзијата нуди низа од напредни и сосема нови опции кои се совршени за претпријатија со стотици, дури и илјадници уреди, каде што е потребен поголем мониторинг и заштита. Ако сакате да навлезете на пазарот за претпријатија и да ги проширите своите услуги за големите играчи на пазарот, EnGenius Cloud PRO е токму она што ви треба.

Напредни опции

Основната верзија на платформата за менаџирање EnGenius Cloud нуди одлични опции за малите и средните, но и за поголемите бизниси. Сепак, PRO верзијата ги надградува тие опции.

EnGenius Cloud Basic дозволува до 10 администратори/членови на тим, но кај PRO тој број е неограничен.

Basic нуди едноставни мапи за соодветно поставување на пристапни точки, додека PRO ви овозможува да додадете пречки од типот на ѕидови, дрво, врати и стаклени прозорци кои може да ја попречуваат покриеноста со мрежата.

Basic дозволува до 100 радиус и 100 ваучер корисници, но PRO дозволува до 10.000.

Тополошкиот преглед кај Basic ви овозможува да ги видите сите EnGenius уреди на мрежата, а PRO ви овозможува да видите и уреди од трети страни.

Алатката за дијагностика на пристапни точки кај Basic ја минимизира потребата за испраќање техничари на терен, но PRO има и опција за спектрална анализа.

Сосема нови опции

Шлагот на тортата кај EnGenius Cloud PRO платформата е пакетот опции за претпријатија кои овозможуваат несекојдневна контрола и видливост на исклучително густите мрежи.

AirGuard (WIDS/WIPS)

За безбедноста на пристапните точки има радиа кои ја скенираат околината и постојано детектираат напади – копии на пристапни точки, неменаџирани пристапни точки, напади од внатре или попречување на радиофреквенцијата – без да се деградираат мрежните перформанси.

Spectrum Analysis

Wi-Fi спектралната анализа е професионална анализа со која се утврдува јачината на Wi-Fi сигналот во реално време и се детектирааат пречките во јачината на тој сигнал.

Client Timeline

 За да се добие интуитивен и историски преглед на клиентските уреди, Client Timeline им овозможува на администраторите лесно да видат како клиентите ги пронаоѓаат, ги автентицираат и како ги менуваат пристапните точки. Ова е особено корисно кога треба да се отстранат „бубачките“ или да се следи безжичната мрежа.

MyPSK – MyPSK

овозможува автоматски да одредите уникатна лозинка за секој клиент на мрежата. Можете да креирате до 500 уникатни лозинки за секоја мрежа (SSID). Ако имате повеќе од 500 корисници, можете да креирате друга SSID за да дадете лозинки на другите клиенти до 1.000 итн.

VLAN Pooling

За да се спречи преплавување на мрежата со сообраќај пристапните точки по слободен избор ќе назначат VLAN (од една база на VLANs) за секој клиентски уред. Корисникот ќе остане конектиран на истиот VLAN дури и ако менуваат пристапни точки.

Customized Network Reports

За следење на статусот на мрежата можете да добивате извештаи прилагодени на вашите потреби. Со само неколку чекори можете брзо да ја дизајнирате насловната страница, да ја изберете содржината и да закажете кога извештајот автоматски ќе биде испратен до примателот.

Exposure Analysis – Анализата на изложеност ви овозможува да го минимизирате ризикот за гостите и персоналот со додавање алијас маркери за идентификација на клиентските уреди и да користите следење на контакти за да се олеснат пандемиите и другите итни случаи.

Сите уреди ќе имаат една година бесплатна PRO лиценца. Кога ќе истече таа гoдина, цената е само поволна. Испробајте ги сите напредни опции бесплатно во текот на една година!

За EnGenius

EnGenius е водечки глобален производител на безжична и гласовна комуникација. Повеќе од 20 години EnGenius обезбедува врвни гласовни и податочни решенија кои овозможуваат поголема мобилност, ја зголемуваат продуктивноста и ги олеснуваат процесите. EnGenius се гордее со обезбедување на најдобрите, најбогатите со опции персонализирани мрежни решенија кои придонесуваат за успехот на вашите бизниси.  КАБТЕЛ е овластен партнер на EnGenius за Македонија.

Julija Damjanovska

Recent Posts

Зајакнување на тимот преку континуирана доедукација

Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…

15 hours ago

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците

Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…

1 week ago

Sophos XDR: Нови AI функционалности и подобрувања на истрагите

Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…

2 weeks ago

SCADA автоматизација – искористување на целосниот потенцијал

Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…

1 month ago

Нови XGS Series Desktop Firewalls уреди & SFOS v21

Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…

1 month ago

Кабтел повторно THALES Key Industrial Partner

Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…

1 month ago