Kaspersky го најави комплетирањето на неколку од планираните важни активности од иницијативата за транспарентност Global Transparency Initiative со префрлањето на складирањето податоци и процесирањето на активности од Русија во Швајцарија, како и со отворањето на петтиот Центар за транспарентност на компанијата во Северна Америка. Со зголемената транспарентнoст, компанијата сака да поттикнe на поголема соработка за зголемување на безбедноста и интегритетот на модерните софтверски производи.
Поминаа три години откако Kaspersky, водечка глобална компанија за сајбер безбедност, ја најави својата иницијатива Global Transparency Initiative, со цел да воведе нов пристап во индустријата за сајбер безбедност, базиран на поголема транспарентност и отчетност. Целта беше да се ангажира пошироката заедница за сајбер безбедност и сите засегнати страни во валидирањето и проверката на доверливоста на производите, внатрешните процеси и бизнис активностите. Компанијата го понуди својот изворен код за софтверот на независни аналитичари, изврши повеќе проверки од страна на трети страни, вклучувајќи ја и ревизијата на SOC2 од страна на Big Four company и го доби сертификатот за ISO27001 за своите услуги. Кaspersky исто така ја пресели својата инфраструктура за процесирање од Русија во Швајцарија и сега го објави успешното комплетирање на транзицијата.
Релокацијата на дата процесирањето и складирањето податоци сега целосно е комплетирана. Освен во Европа, САД и во Канада, Kaspersky го релоцираше дата процесирањето и складирањето за повеќе азиско-пацифички земји. На листата со азиско-пацифички земји, кои станаа дел од плановите за релокација на GTI се: Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Бангладеш, Брунеи, Камбоџа, Индија, Индонезија, Јужна Кореја, Лаос, Малезија, Непал, Пакистан, Филипини, Сингапур, Шри Ланка, Тајланд и Виетнам.
Податоците кои ги споделуваат корисниците кои се наоѓаат на тие локации, а се подложни на закани сега се процесираат во два дата центри во Цирих, Швајцарија и вклучуваат сомнителни или претходно непознати малициозни документи кои призводите на компанијата ги испраќаат до Kaspersky Security Network (KSN) за автоматизирани анализи на злонамерен софтвер.
Јуџин Касперски, извршниот директор на Kaspersky: „Откако ја најавивме нашата иницијатива Global Transparency Initiative, составена од повеќе храбри чекори, како што е релокација на дата процесирање и складирање, Кaspersky не само што ја потврди својата посветеност на тоа да биде доверлив партнер, туку ги предвиде и очекувањата од пазарот и од регулаторите. За три години од најaвата ние направивме огромна трансформација на пристапот и регулативите на безбедноста на податоците. Ние видовме дека инвестицијата во доверба и транспарентност постепено станува стандард во индустријата и горд сум што нашата компанија е еден од пионерите на транспарентноста“.
Kaspersky го најави и отворањето на центарот за транспарентност во Северна Америка, North American Transparency Center, во партнерство со CyberNB Association во Њу Брунсвик, Канада. Во склад со посветеноста уште на почетокот на GTI во октомври 2017 година компанијата отвори центар за транспарентност со Северна Америка заедно со CyberNB Association. CyberNB е непрофитна организација со седиште во Фредериктон, Њу Брунсвик, Канада, која има екосистемски пристап во подобрувањето на резултатите на сајбер безбедноста, преку ангажирање и соработка на приватниот сектор, владата, академските заедници, стекнување знаења и вештини, како и наоѓање таленти и инвеститори во развојот на работната сила.
Центарот ќе почне со работа на почетокот на 2021 година и ќе стане петтата локација на која партнери на Kaspersky ќе добијат шанса да го ревидираат нивниот изворен код и да научат повеќе за инженеринг и практиките за процесирање податоци, како и за портфолиото со производи. Претходно годинава беа отворени центрите за транспарентност во Сао Паоло и во Куала Лумпур. Го релансираше и својот прв центар за транспарентност во Цирих, кој беше релоциран во дата центарот Interxion. Во иднина, компанијата ќе обезбеди единствен пристап за корисниците и верните партнери, контрола на безбедноста на податоците и директен пристап до практиките за менаџирање со податоци, со цел ревидирање и анализирање.
„Работатата на нашата иницијатива Global Transparency Initiative во Северна Америка е мнгоу битна и ние сега го зголемуваме нашето влијание со отворањето на новиот центар за транспарентност. Физичката локација во нашиот регион ќе отвори нови врати за нашите корисници, партнери и засегнати страни, кои ќе можат да искусат од прва рака што нуди центарот. Исто така, се радуваме на соработката со CyberNB и и понатаму ќе се залагаме за повисоки стандарди за транспарентност во индустријата преку нашите партнерства”, изјави Роб Каталдо, управен директор на Kaspersky за Северна Америка.
„CyberNB е задоволен што Kaspersky се приклучи на нашата мрежа за заштита на инфраструктурата Critical Infrastructure Protection Network (CIPnet) и возбудени сме што ќе ја пречекаме компанијата во сајбер центарот на почетокот на 2021 година. Kaspersky покажа посветеност на транспарентноста како клучна компонента за довербата на корисниците и сега знаеме дека компанијата ќе биде активно инволвирана со другите членови на CIPnet на многу битни иницијативи за истражување и развој во иднина“, изјави Тајсон Џонсон, извршен директор на CyberNB.
Со оглед на рестрикциите за патување и посети, корисниците и партнерите сега имаат шанса оддалеку да го прегледаат изворниот код. За да побарате пристап на далечина до центрите за транспарентност на Kaspersky, следете го овој линк.
Во рамките на својата иницијатива Global Transparency Initiative компанијата оствари и друг развој како што е подобрување на својата програма Cyber Capacity Building, која беше најавена во мај годинава, како и на својата Вug Bounty програма. За да дознаете повеќе следете ги најновите вести за компанијата тука.
Во иднина Kaspersky ќе продолжи да работи со заедницата давајќи приоритет на транспарентноста и отчетноста, како и да ја зголеми безбедноста на модерните софтверски производи со цел да стекне уште поголема доверба од корисниците. Компанијата веќе поддржува и работи со Женевскиот дијалог за одговорно однесување во сајбер просторот, односно интернационалниот разговор за безбедност на дигиталните производи, предводен од Федералното министерство за надворешни работи на Швајцарија и имплементиран од DiploFoundation. Ние веруваме дека преку колаборативни напори од сите засегнати страни можеме да ја зголемиме довербата во технологијата. Затоа, сакаме да се осигураме дека дигиталната иднина – сајбер безбедноста и сајбер отпорноста – не е страшна, туку е место на бескрајни можности за раст и просперитет.
За Kaspersky
Kaspersky е глобална компанија за сајбер безбедност основана во 1997 година. Експертизата на Kaspersky за разоткривање длабински закани и за безбедност постојано се преточуваат во иновативни ршенија за безбедност и услуги за заштита на бизнисите, критичната инфраструктура, владите и консументите низ целиот свет. Широкото портфолио со производи на компанијата вклучува водечка заштита за крајните корисници и бројни специјализирани решенија и услуги за безбедност за борба против софистицираните дигитални закани кои континуирано се развиваат. Над 400 милиони корисници се заштитени со технологиите на Kaspersky и ние им помагаме на 250.000 корпоративни клиенти да го заштитат она што им е најбитно. Дознајте повеќе на www.kaspersky.com.
Решенијата на Kaspersky се достапни во Македонија веќе 2 децении во КАБТЕЛ, Platinum Partner на Kaspersky за Македонија.
Во КАБТЕЛ, силно веруваме дека клучот за да останете напред во брзата ИКТ индустрија лежи…
Секоја петта компанија доживеала прекршување на податоците Според степенот на ризик од сајбер закани кои…
Sophos XDR: Нова генеративна функционалност на вештачката интелигенција и подобрувања на истрагите Работете самоуверено и…
Ослободете го целосниот потенцијал на вашите операции со SCADA автоматизација SCADA системите за надзорна контрола…
Sophos Firewall: Новi Desktop Firewalls XGS Series и нова верзија Sophos Firewall Operating System v21…
Кабтел повторно Key Industrial Partner на Thales, со зајакната посветеност кон иновативни и безбедни решенија…