news&blog

Нови моќни мултикастинг пристапни точки

Новата ѕидна Wi-Fi 6 пристапна точка содржи моќна мултикастинг технологија за за гостопримство
Новата EnGenius ECW215 Wi-Fi 6 пристапна точка која се поставува на ѕид на соба користи најнова технологија за паметен кастинг за гости, станари и студенти кои сакаат да емитуваат забавни содржини во средина со повеќе корисници.

EnGenius Technologies Inc., мултинационална компанија за вмрежување, позната по своите футуристички решенија за вмрежување за претпријатија, објави дека ја пуштиле во употреба новата пристапна точка ECW215 Wi-Fi 6 dual-band 2×2:2 која се поставува на ѕид и се менаџира од облак.

EnGenius ECW215 има елегантен минималистички дизајн кој лесно се сокрива и користи Wi-Fi 6 технологија за обезбедување на врвни безжични искуства на повеќе уреди, како лаптопи, таблети, паметни телефони и IoT сензори во собите. Пристапната точка има и вграден гигабитен приклучок со 2 порти за конектирање и обезбедува енергија за жичени уреди како VoIP телефони кога има ограничени извори на енергија и кабли. Интерфејсот во облак, за кој нема потреба од лиценца, им овозможува на ИТ професионалците централно да регистрираат и да конфигурираат повеќе пристапни точки, да обезбедат напредна автентификација на клиенти за поголема безбедност и да ja минимизираат потребата од испраќање тим на лице место со напредна дијагностика за решавање проблеми на далечина.

Клиентите ќе ја засакаат и иновативната опција ECW215 за smart casting која обезбедува непречено, брзо поставување и емитување на L2 гостински мрежи за стриминг стапчиња, конзоли за играње и други уреди за исклучително, персонализирано забавно искуство. Освен тоа, идните нови опции ќе ги прошират пристапните портали, splash страниците и безбедноста (сите се конфигурираат преку SSID интерфејс) на екстра LAN порти за да се унифицираат процесите преку безжичната и жичената мрежа и да се направи незабележителна транзиција.

EnGenius ECW215 е еден од неколкуте врвни Wi-Fi 6 пристапни точки за на ѕид на пазарот кои обезбедуваат исклучителна жичена и безжична конекција за супериорна забава во собите на гостите во хотел, на студентите во студентски домови, во домовите за стари лица, во комплекси од станови и во училници.

Клучни карактеристики
  • Dual-band 802.11ax 2×2 поддржува до 1,200 Mbps (5 GHz) и 574 Mbps (2.4 GHz)
  • Елегантен, минималистички дизајн за безжично и жичено конектирање во секоја соба
  • 3at PoE+ компатибилност за флексибилна иснталација на до 100 метри од изворот на енергија
  • Прилучокот со 2 порти нуди VLAN поддршка и PoE за VoIP телефони
  • SmartCasting (како Chromecast и Apple TV) за емитување содржини од мобилни уреди на телевизори за персонализирана забава
  • SSID интерфејс кој автоматски се применува на LAN порти и обезбедува пристапни портали, splash страници и безбедност
  • Мрежната безжична поддршка го олеснува поставувањето, ги оптимизира сигналите и се самоодржува
  • Менаџирање, тестирање, конфигурирање и решавање проблеми на далечина за неограничен број на пристапни точки со EnGenius Cloud
  • Напредни дијагностички алатки во реално време кои ќе им помогнат на администраторите да ги решаваат проблемите со безжичните мрежи со следење на употребата на каналите, пингови, следење на рутите и информирање на клиентите во реално време
  • Дијагностика на конективноста на пристапните точки, тестирање на квалитетот на безжичната мрежа и конфигурирање на уредите
  • Quick-Scan Device регистер, инсталација и мониторинг и решавање проблеми на далечина
  • Бесплатно Basic EnGenius Cloud менаџирање, PRO EnGenius Cloud достапно по пристапна цена
„Знаеме колку им е тешко на ИТ експертите да работат на проекти со повеќе корисници. Нашата цел е да им ја ослениме работата. Затоа сме возбудени што ја лансираме Wi-Fi 6 пристапната точка за на ѕид, која го скратува времето за инсталација и конфигурација и обезбедува ефективна конеција во станови, хотелски соби и студентски домови. Сакаме да ви помогнеме да добиете најдобро можно корисничко искуство“ вели Bryan Slayman, менаџер на производни линии во EnGenius Technologies.
Испораката на EnGenius ECW215 Wi-Fi 6 dual-band 2×2:2 пристапните точки за на ѕид кои се менаџираат во облак почнува во мај 2022 година.
За EnGenius

EnGenius е водечки светски производител на пионерски решенија за безжична и гласовна комуникација. Повеќе од 20 години, EnGenius испорачува врвни гласовни и дата решенија кои ја промовираат мобилноста, ја зголемуваат продиктивноста и се олицетворение на едноставноста. EnGenius се гордее што може да се пофали со најдобрите, најстабилните, богати со опции персонализирани мрежни решенија кои го засилуваат успехот на вашиот бизнис. Решенијата на EnGenius се достапни во КАБТЕЛ.

leveski

Recent Posts

Паметно хемиско чистење: UHF RFID технологија и 24/7 услуги

Паметно хемиско чистење: UHF RFID технологија и услуги достапни 24/7 Дигитално следење на секое парче…

2 days ago

Паметно управување со соларни централи со Robotina и КАБТЕЛ

Паметно управување со соларни централи со Robotina и КАБТЕЛ Искористете повеќе од сопствената соларна енергија…

2 days ago

Како функционираат телефонските измами?

Не одговарајте на непознати и скриени броеви – заштитете се од телефонски измами Телефонските повици…

3 days ago

NAKIVO& KABTEL: Next Generation Backup & Data Protection настан

KABTEL и NAKIVO: Современи решенија за бекап и заштита на податоците На 14 октомври 2026…

4 days ago

25 години КАБТЕЛ – Заедно градиме иднина

25 години доверба. 25 години посветеност. 25 години КАБТЕЛ. Оваа година КАБТЕЛ одбележува значаен јубилеј…

2 weeks ago

SCADA во пумпни станици – интелигентно управување со критична инфраструктура

SCADA во пумпни станици – интелигентно управување со критична инфраструктура Во современото управување со пумпни…

1 month ago